Партнерство за мир![]() Членки на ПзМ Членки на ПзМ кои се придружија на НАТО во 1999 Членки на ПзМ кои се придружија на НАТО во 2004 Партнерство за мир (ПзМ) е програма на НАТО насочена кон соработка и создавање на доверба помеѓу членките на НАТО и останатите земји од Европа и од поранешниот СССР. Во моментот во ПзМ членуваат 21 држава. Република Македонија беше членка на ПзМ од 15 ноември 1995 година до 27 март 2020 кога стана членка на НАТО. АктивностиПзМ е процес кој ги здружува НАТО - сојузниците и земјите партнери во широка програма на заедничка одбрана и одбранбени активности, почнувајќи од воена соработка до одбранбена соработка на разни полиња, како што се превенцијата на конфликти, програмите за цивилна помош, раководењето со воздушниот сообраќај или соработка во вооружувањето. ПзМ е отворена и транспарентна програма и нејзините активности се отворени за сите партнери и сојузници. НАТО го воспостави Партнерството за мир во јануари 1994 со цел да ја зголеми стабилноста и безбедноста низ Европа. Основните цели на ПзМ, објавени во 1994, важат и денес. Тие го подразбираат следново:
ПзМ денес е постојана одлика на европската одбранбена архитектура. Двегодишната програма во која учествуваат сојузниците и партнерите сега содржи повеќе од 2.000 активности, почнувајќи од големи воени вежби до мали работни групи на определени задачи. Фактички, ПзМ навлегува во сите области на активностите на НАТО. Земјите самите избираат кои активности од програмата ПзМ одговараат на нивните специфични потреби, а не се спротивни на нивната државна политика и се во согласност со сопствените финансиски средства, во процесот на „автодиференцијација“, кој е еден од клучните принципи на Програмата. Евроатлантскиот партнерски совет (ЕАПС) дејствува како политичка закрила на ПзМ и им нуди на сојузниците и на партнерите форум за размена на погледи во врска со заедничките безбедносни прашања. Улогата на партнерите доби мошне големо значење со секојдневната работа на ПзМ, посебно со создавањето партнерски елементи во неколку штабови на НАТО, каде што офицерите на НАТО и на партнерите се поставени на меѓународни функции врз трајна основа. Во 1997, НАТО - сојузниците решија да го зајакнат ПзМ преку доделување на пооперативна улога, нудење на поголема инволвираност на Партнерите во донесувањето на одлуки и во планирањето и зајакнувањето на нивната улога во политичките консултации. Оваа одлука се должеше делумно на искуството од мултинационалната соработка што се создаде преку IFOR (Сили за имплементација) и подоцна SFOR (Сили за стабилизација) за време на мировните мисии во Босна и Херцеговина. На Вашингтонскиот самит, "Зајакнатото и пооперативно партнерство за мир" беше потврдено од претседателите на држави и од премиерите. До овој чекор се дојде благодарение на дотогашното искуство и нуди насока за оперативното Партнерство во 21 век. Зајакнатото и пооперативно партнерство за мир се заснива врз следниве три елементи:
Во центарот на овој трет елемент се наоѓа иницијативата за „Концептот за оперативните способности на ПзМ операциите предводени од НАТО“, која става посебен акцент на зголемувањето на воената ефикасност на мултинационалните сили. Нејзина цел е уште повеќе да се зајакне воената соработка и да се помогне развојот на силите на партнерите заради нивна поголема интероперативност со оние на НАТО - членките при идните операции за превенција на конфликти. ПзМ продолжува да ја поддржува преобразбата на Алијансата. Повеќе елементи од ПзМ се однесуваат на новата улога и на мисиите на Алијансата и се во согласност со изменетиот Стратешки концепт. ПзМ продолжува да еволуира и Алијансата гледа на тоа како на динамичен процес кој, постепено, сосема ќе ги приближи НАТО и партнерите.[1] ЧленствоПоранешни републики на Советскиот Сојуз
Поранешни републики на Југославија
Земји-членки на Европската Унија
Членка на Европската асоцијација за слободна трговија
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia