Пасквелија„Пасквелија“ — збирка раскази на македонскиот писател Живко Чинго, првобитно објавена во 1963 година од издавачката куќа „Култура“. СодржинаЗбирката се состои од 24 раскази:[1]
За книгатаПрвото издание на „Пасквелија“ го објавила „Култура“ во 1963 година, а истата година збирката била наградена со наградата на ЦК СМЈ и весникот „Младост“ од Белград. Во 1965 година, под истоимениот наслов, се појавил избор на раскази на српскохрватски јазик (во превод на Влада Урошевиќ), како издание на „Нолит“ од Белград, а следната година се појавило и продолжението на збирката, со наслов „Нова Пасквелија“, исто така, издание на „Култура“. Во 1968 година, приштинската „Рилиндја“ објавила избор од расказите на албански јазик (во превод на Адем Гајтани), со насловот „Пасквелија“. Истата година, „Култура“ уште еднаш ја објавила збирката, во рамките на едицијата „Современи македонски автори“.[2] Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia