Пашки Козјак
Пашки Козјак (словенечки: Paški Kozjak, порано само Kozjak[2]; германски: Kosjak[2]) — населба во Градската општина Велење, северна Словенија, сместена на ридовите источно од градот. Местото традиционално ѝ припаѓа на областа Штаерска. Целата општина денес е во состав на Савињскиот статистички регион.[3] Наречена е по сртот Пашки Козјак (1.272 м) сместен североисточно од населбата. ИмеПрво сведоштво за местото постои во документ од 1296 г. кој го именува како Похсрук (Pochsruk), што значи „Козји Грб“[4]. Во 1403 г. веќе се среќава како Козјак (Gosyak и Kosyak).[4] Денес се нарекува „Пашки“ по блиското место Пака, разликувајќи го од соседниот Козјак кај Мислиња. ИсторијаПашки Козјак е познат од борбите во НОБ кои се одиграле ноќта помеѓу 17 и 18 јануари 1944 г. кога словенечките партизани се обиделе да ги пробијат германските редови за да стасаат до масивот Похорје. На местото е подигнат гранитен споменик во сеќавање на загинатите партизани.[5] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia