Пентода

Пентода

Пентода — вид на електронска цевка со пет електроди сместени во стаклен или мтален балон со вакуум.

Загреаната катода емитува електрони кои одат кон позитивната анода. Првата решетка, која се наоѓа меѓу катодата и анодата овозможува регулација на струјата во цевката и нејзина употреба во улога на засилувач или прекинувач. Втората решетка служи за смалување на капацитетот на анода-првата решетка, и со тоа овозможува засилување на сигналите со високи честоти без влез во самоосцилации. Третата решетка спречува електроните избиени од анодата од ударите на електроните, да отидат на втората решетка.[1]

Во денешно време, пентодите се скоро сосема потисната од широка употреба со воведување на транзисторот.

Историја

За историјатот да се погледа статијата Електронска цевка.

Начин на работа и опис

За да се отстранат проблемите со тетродите, воведени се пентоди. Овие цевки имале уште една решетка (трета решетка, англ. suppressor grid, ознака G3).

Третата решетка се наоѓа меѓу втората решетка и анодата. Оваа решетка најчесто е споена со катодата во самата стаклена цевка (балон), така што имала ист потенцијал како и катодата.

Со тоа се постигнува следново: брзите електрони кои удираат во анодата предизвикуваат секундарни електрони (како и кај тетродата), но тие не можат да паднат на втората решетка заради негативниот потенција на третата решетка која ги одбива назад до анодата. Електроните кои патуваат од катодата имаат доволна кинетичка енергија да го совладаат негативниот потенција на третата решетка, но секундарните електрони од анодата немаат и се враќаат на анодата. Пентодата конечно била електронска цевка која потполно задоволувала, со висок фактор на засилување и можност за работа на високи честоти. До крајот на епохата на електронските цевки користена е за разни намени во електрониката. Пример на оваа цевка се EF-86 и EL-84.

Посебна верзија на пентода за високофреквенциско засилување е експоненцијалната пентода (на пример AF-3), кај која и големи промени на преднапонот на првата решетка не предизвикуваат големо изобличување на сигналот.

Примена

Пентодите се користени во сите гранки на електрониката и електротехниката. Примената била разнолика:

Со триодите, пентодите се користеле за степени на напонско засилување и засилување на моќност.

Струјно-напонски одлики

Струјно-напонски одлики на излезна пентода КТ-88

За одредување на работната точка на пентодата (исто како и за триодата и тетродата) се користеле струјно-напонски одлики кои ги обезбедувал произведувачот. Овие одлики ја прикажувале зависноста на анодната струја Ia од напонот на анодата Ua, и напоните на решетките.

Од графиконот може да се види дека тетродната вдлабнатина скоро потполно ја нема, и дека анодната струја е скоро независна од анодниот напон во поголемиот дел од одликата. Напонот на втората решетка е постојан и изнесува 200 волти.

Симбол

Симбол на пентода со индиректно загревана катода е прикажан на сликата.

Поврзано

Наводи

  1. -{Principles of Electronic Communication Systems, Louis E. Frenzel, Glencoe/McGraw-Hill}-, ISBN 0-02-800409-4, pp. 299 и 300

Литература

  • Радио Техника 2. дио, Д-р Валтер Даудт (Walter Daudt), Техничка књига, Загреб, 1963.
  • Electronic Devices, 6th edition, Thomas L. Floyd, Prentice Hall, ISBN 0-13-028484-X
  • Principles of Electronic Communication Systems, Louis E. Frenzel, Glencoe/McGraw-Hill, ISBN 0-02-800409-4

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya