Пеплосија

„Пеплосија“ — поетска збирка на македонскиот поет Јован Котески, објавена во 1966 година од издавачката куќа „Мисла“ како осма книга во библиотеката „Билјана“. Книгата има 80 страници, не е каталогизирана и ја нема меѓународната ознака ISBN. Таа била испечатена во печатницатаКиро Димитровски-Дандаро“ во Битола, во специјален тираж од 8 800 примероци.[1]

Посвета

Збирката е посветена на таткото на авторот, Васил Котески, со следниве стихови:[2]

Годините го крадеа животот,
останувавме туѓинци дома
потпрени до софрата на ѕидот.

Содржина

Збирката содржи вкупно 50 песни:[3] „Сребро“, „Ружа“, „Љубов“, „Гулабици“, „Свадба“, „Жетва“, „Спомен“, „Елегија“, „Меланхолија“, „Жолта долина“, „Допири“, „Бели тонови“, „Калишта“, „Жена“, „Страст“, „Починка“, „Ана“, „Љубов и смрт“, „Извор“, „Селска сиромаштија“, „Нож“, „Леб“, „Умора“, „Сестри“, „Твоите очи без сновидение“, „Немаштија“, „Ѕидар“, „Остани Дојчине“, „Каменоресци“, „Печалбари“, „Зад Јамјани пусти“, „Немај-каде“, „Заборавени“, „Во злодоба“, „Мртво село“, „Злокуќани“, „Височини“, „Смртта на Каритон“, „Црн врв“, „Кајмакчалан“, „Војници“, „Селани“, „Длабоко рикање“, „Кула“, „Брсјаци“, „Водоча“, „Меланхоличар“, „Разделба“, „Камења“ и „Ако не беше во мене“.

Наводи

  1. Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 80.
  2. Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 7.
  3. Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya