Перо Костадинов
Перо Костадинов (14 јануари 1987 во Валандово) — македонски политичар од редовите на СДСМ и градоначалник на Општина Валандово. ЖвотописПеро Костадинов е роден во Валандово. Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2009. Бил вработен во ИГМ АД „Еленица“ Струмица и „Еко оранжерии Анска-Река“ Валандово. Од 2015 до 2017 година бил член на Советот на Општина Валандово[1]. На функцијата градоначалник на Општина Валандово стапил по локалните избори во 2017 година, кога победил во првиот круг со освоени 55,31% од вкупните гласови. Во 2021 година е избран за претседавач со Централниот одбор на СДСМ. На Локалните избори кои се одржале на 17 октомври 2021 година, Костадинов како кандидат за градоначалник на Општина Валандово од редовите на СДСМ победил во првиот круг на гласање со освоени 57,73% од гласовите[2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia