Перса Величкова

Перса Саздова Величкова ( 1923 во Врачевце — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

Од летото 1943 година учествувала во заднината на НОД во селото. Кон крајот на август истата година била избрана за член на илегалниот народно ослободителен одбор во селото Врачевце. Собирала народна помош, плетела топла облека, чувала илегалци и борци од Вториот кумановски партизански одред. Чувала стража во селото кога во него престојувале борците од Карпошовоиот одред и повремено пренесувала пошта од Козјак до Куманово и обратно.[1]

Од летото 1944 станала член на СКОЈ. Раководела младински воспитни групи и наскоро била избрана за секретар на Околискиот комитет на СКОЈ, а потоа и за претседател на НОМСМ. Во есента 1944 година била член на Општинскиот и Околискиот комитет на СКОЈ. Носител е на повеќе одликувања.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1013.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya