Персија (област)![]() Персија (произлегува од Персис — старогрчки облик на Парс или Фарс) — хеленизирано име за историската покраина Фарс во Јужен Иран, кое се користело во западните земји до 1935 г. како име за целата денешна територија на Иран. Во историографијата, поимот Персија исто така се користи и за Персиското Царство, со кое во различни историски периоди владееле династиите на Ахеменидите (VI — IV век пр. н. е.), Сасанидите (III — VII век), како и некои подоцнежни династии. Македонска ИмперијаАхеменидското Царство било поразено од Александар Македонски во 330 г. пр. н. е., со што поголемиот дел од нивната огромна територија бил вклучен во неговата империја. ПлемињаХеродот го посочува племето Пасаргади како водечко персиско племе, од кое потекнува царската династија на Ахеменидите. Други племиња се Марафиите и Маспиите. Токму овие три племиња ги обединува Кир II за својот бунт против мидискиот цар Астијаг во 550 г. пр. Хр.[1] Парсите како религиозно малцинство на Индискиот ПолуостровВо денешна Индија, Пакистан и Шри Ланка, кога се зборува за „Парси“ или „Фарси“, се мисли на припадниците на самобитното и издвоено религиозно малцинство што го исповеда зороастризмот. Тие се потомци на бегалци што избегале од исламските освојувања насочени против древните зороастријци. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia