Перси Слеџ
Перси Тајрон Слеџ (англиски: Percy Tyrone Sledge; 25 ноември 1940 ― 14 април 2015) ― американски ар-ен-би соул и госпел-пејач. Најпознат бил по песната „When a Man Loves a Woman“, која во 1966 година се искачила на прво место на R&B топ-листата и на Billboard Hot 100. Во 1989 година, Слеџ ја добил наградата „Пионер“ од Фондацијата за ритам и блуз. Бил примен во Куќата на славните на рокенролот во 2005 година. ЖивотописСлеџ бил роден на 25 ноември 1940 година во Лејтон, Алабама.[1][2] Пред да ја започне музичката кариера растел во сиромашно семејство и работел како земјоделец и болничар. Еден поранешен пациент од болницата во која работел го запознал Слеџ со музичкиот продуцент Квин Ајви. По успешната аудиција Слеџ потпишал договор за снимање.[3] ![]() Во март 1966 година, Слеџ преку Atlantic Records го издал синглот „When a Man Loves a Woman“.[4] Според Слеџ, инспирацијата за песната добил откако неговата девојка го оставила за манекенска кариера,[5] а бидејќи басистот Калвин Луис и оргулистот Ендрју Рајт му помогнале со песната, тој им ги дал сите заслуги за пишувањето на песната.[6] Песната станала меѓународен хит. Песната била прва златна плоча издадена од Atlantic Records. [7] Во текот на 1970-тите, Слеџ се пласирал на топ-листите со „I'll Be Your Everything“ и „Sunshine“ и бил омилена музичка ѕвезда за концерти низ целиот свет, особено во Холандија, Германија и на африканскиот континент; во времето на апартхејдот во Јужна Африка во просек одржувал 100 концерти годишно.[8][9] Кариерата на Слеџ повторно заживеала во 1980-тите откако „When a Man Loves a Woman“ повторно се пласирала на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство откако претходно била користена во реклама на Levi's.[4] Во 1994 година, Саул Дејвис и Бери Голдберг го продуцирале албумот на Слеџ Blue Night.[4] Blue Night добил номинација за Греми за најдобар современ блуз албум, а во 1996 година ја освоил наградата W.C. Handy за најдобар соул или блуз албум. Во 2004 година, Дејвис и Голдберг го продуцирале и албумот Shining Through the Rain, кој му претходел на неговото воведување во Куќата на славните на рокенролот. Во мај 2007 година, Перси бил примен во Музичката куќа на славните од Луизијана во Батон Руж. Слеџ починал на 14 април 2015 година од рак на црниот дроб во неговиот дом во Батон Руж.[10] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia