Петар Георгиев-Калица

Петар Георгиев-Калица
Роден 19 ноември 1951(1951-11-19)(73 г.)
Битола, НР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Народност Македонец
Занимање адвокат, композитор, текстописец

Петар Георгиев-Калица (р. 19 ноември 1951 во Битола) — македонски композитор и текстописец. Основно и средно музичко образование завршил во Битола, отсек Виолончело. Дипломирал на Правниот факултет и положил правосуден испит, и работи професионално како адвокат. За време на своето музичко образование членувал во многу музички групи во неговата родна Битола. Прв голем успех доживеал на македонскиот музички фестивал Валандово со песната „Ако одам во Битола“ за која ги напишал музиката и текстот, а во изведба на Октетот Македонија. Со оваа песна тој ја освоил третата награда на жирито. Оваа песна е една од најпопуларните песни за Битола, а чија тема се старите битолски традиции. „Ако одам во Битола“ е искористена при изработката на многу документарни и музички настани посветени на Битола. Истата доживеала 12 преработки меѓу кои е и онаа од најпознатата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески вклучена во неговиот етнички албум „Божилак“. Стилот на оваа преработка се разликува од изворната, но истата е добро примена од публиката.

Во 1989 година, Георгиев постигнал нов голем успех на најпознатиот македонски поп-фестивал МакФест каде учествувал како композитор и текстописец на македонскиот хит „Летај ми, летај, гулабе“ во изведба на познатиот хрватски пејач Крунослав Киќо Слабинац. Оваа песна го освоил второто место, заостанувајќи зад првопласираната само еден глас на публиката. Сепак, тој ја освоил наградата за најдобар текст за песна. Иако оваа песна не победила, истата сè уште е популарна на Балканот.

Во 1991 година, тој ја напишал својата најпозната песна „Стариот џумбушлија“ која ја извела познатата српска фолк-пејачка Ана Бекута на фестивалот Валандово. Песната се пласира на четвртото место заостанувајќи 3 гласа зад третопласираната. Оваа песна била хит-песна во Македонија и наредната година ја освоила наградата за најслушана песна во претходната година.

Истата година, тој зел учество на МакФест како композитор на песната „Розите пак се тажни“ во изведба на словенечката пејачка Симона Вајс. Како автор двапати учествувал на Скопје Фест, фестивал на кој бил биран македонскиот национален претставник за Евровизија:

Карактеристичен белег на неговото музичко творештво се неговите текстови на традиционални староградски песни, каде основното вдахновение му е Битола, неговиот роден град.

Американското дуо, флејта и гитара, Алма Нова ја преработило неговата песна „Ако одам во Битола“ на нивниот албум „После часови“ (After hours) со наслов „Битола“. Албумот бил снимен во февруари 2009 година.

Награди

Наводи

  1. „Авторот на песната „Ако одам во Битола" Петар Георгиевски – Калица добитник на наградата „4 Ноември" за животно дело“. Сакам Да Кажам. 31 октомври 2020. Посетено на 4 ноември 2020.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya