Почетоците на творештвото на Омчикус се поврзуваат со неколку уметници, сите од класата на Иван Табаковиќ, кои на неколку месеци се собрале во Задар во 1947 година, создавајќи ја тогаш првата југословенска уметничка комуна – Задарска група. Освен Омчикус, во оваа група биле неговата идна сопруга Косара Бокшан, Миќа Поповиќ, Вера Божичковиќ, Бата Михаиловиќ, Љубинка Јовановиќ, Милета Андрејевиќ, Бора Грујиќ и нивниот пријател, студенто по книжевност Борислав Михајловиќ Михиз. Излегувањето од академските ателјеа во природа им отворил на овие уметници нови патишта на слободно творештво на кои, на различни начини, ќе останат во текот на целокупното творештво. Во 1951 година Омчикус ѝ се придружува на „Групата на единасетмината“ која го охрабрува понатаму да трага по сопствени патишта на творештво, тогаш сè уште во доменот на поетската фигурација по социјалистичкиот реализам. Но, правиот пресврт во неговата уметност се случува во Париз. Средбата со апстрактната уметност од тоа време дефинитивно го насочува Омчикус кон слободниот израз, потез кој не трага по реалното, туку по индивидуален стил. Геометризираната асоцијативна апстракција од тој период, веќе од почетокот на седмата деценија на 20 век прераснала во своевидна гестуална колористична фигурација, која ги задржала претходните елементи на неговиот израз. Во подоцнежните периоди, Омчикус го тематизирал сликарството кон портрети, цртежи на Белград, фантастичен реализам и вајарството.
↑ 1,01,11,2Ђ., М (27 ноември 2009.). „Арт азбука: Петар Омчикус“. Политика. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help); Отсутно или празно |url= (help)