Петроглиф![]() Петроглифи — слики создадени со резба, гравирање или гребење на површината на карпите за да се создадат уметнички камени облици (англиски: rock art). Вакви уметнички остварување може да се најдат насекаде низ планетата, од Европа и Азија до Северна и Јужна Америка, а најчесто се поврзуваат со праисториските култури. Самиот збор е образуван со комбинирање на грчките зборови за карпа (грчки: петро-) и глифеин во значењето на „обработка“ и потекнува од францускиот јазичен жаргон (француски: pétroglyphe). Разликуваме и уметнички облик на цртање или сликање на камен наречена петрографија. И двата облици на уметност подеднакво припаѓаат и на архаичната уметност на древните народи и на современата академска уметност. Скулптурите на Инуксук на северните Индијанци се исто така единствени карпести формации. Петроглифите обично се поголеми и повидливи бидејќи целта е да се создаде впечаток кај гледачот. Најчесто се поставуваат вертикално, но има и релјефи изгравирани на хоризонтална камена површина. Историска позадина и толкувањеМногу петроглифи биле создадени во неолитот или уште порано, во палеолитот, пред 10.000 до 12.000 години. Во Австралија има такви за кои археолозите веруваат дека се стари дури 27.000 години, но има и тврдења дека некои се стари и до 40.000 години. Петроглифите постепено биле заменети со систем за пишување како што се пиктограми или идеограми пред околу 7000–9000 години. Има многу обиди да се објасни целта и значењето на поединечните петроглифи, во зависност од нивното место, старост и вид. Има такви што се карти, други за кои се тврди дека се астрономски маркери, но и разни други облици на симболичко изразување. Повеќето петроглифи се сметаат за единствени облици на човечка комуникација во некаков вид „праоблик“ на пишување. ПоврзаноЛитература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia