Пештера![]() ![]() ![]() Пештера претставува подземна шуплина во која не допира или незначително допира дневна светлина со претежно хоризонтално протегање во внатрешноста на карбонатните терени. Настануваат со комбинирано дејство на механичката и хемиската ерозија на подземните водни текови кои денес или некогаш протекувале низ нив и се состојат од пештерски канали и сали.[1] Пештерски делови
На таваниците во пештерските канали или сали често се среќаваат вертикални канали - оџаци кои во висина се стеснуваат и завршуваат.[2] ВидовиПроста пештера се состои од еден канал или подземна просторија, додека сложена се состои од повеќе канали и сали (пештерски систем). Каналите на една пештера можат да бидат распореден и во повеќе нивоа. Во тој случај станува збор за катни (етажни) пештери, чии најниски канали се најмлади и по правило со најактивна хидрографска функција, додека највисоките се надвор од хидрографска функција. Во зависност од тоа дали во нив постои речен тек се делат на суви (фосилни) и речни (активни) пештери. Речните пештери се наоѓаат во активна фаза на изградување и во зависност од хидрографската функција се делат на понорски, кои претсавуваат понири на површинските водотеци и сифонски од кои избива вода на површината (карстни извори). Според режимот на подземниот тек речните пештери се делат на постојани и периодични. Сувите пештери претставуваат фосилни пештери кои се наоѓаат надвор од секаква хидрографска функција и нивната натамошна еволуција е поврзана за дејството на водата прокапница и уривањето на карпестиот материјал од таваниците. Со процесот на рушење на таваниците пештерите постепено се уништуваат и како завршна фаза во еволуцијата на речните пештери остануваат прерасти – лаковидни делови во вид на природни мостови и прозорци – заостанати делови од пештерските канали при целосно уништување на пештерите. Пештерата како тема во уметноста и во популарната култура
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia