Пештера Мишарица

Пештера Мишарица

Пештерата Мишарица е пештера која се наоѓа на падините на ридот Понир, во близина на селото Бијели Поток, град Бања Лука, Република Српска, БиХ . Должината на пештерата е 55 метри. Пештерата Мишарица претставува живеалиште на најголемата колонија на лилјаци во Република Српска. Заштитени видови лилјаци кои живеат во оваа пештера се: Rhinolophus ferrumequinum, Rhinolophus euryale, Myotis myotis и Miniopterus schreibersi. Во пештерата се пронајдени две бронзени секири, венецијански бронзени монети, делови од керамички садови и кремен од кременарка. Оваа пештера е под заштита на Заводот за заштита на културното, историското и природното наследство на Република Српска и припаѓа на природното добро од III категорија.

Поврзано

  • Пештери во Република Српска
  • Завод за заштита на културното, историското и природното наследство на Република Српска

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya