Пинта (мерка)![]() Пинта (англ. pint) е англиска едница мерка за зафатнина или капацитет според британскиот и американскиот систем, еднаква на половина кварта, една осмина галон. Прилично грубо земено ова е еднакво на половина литар, но се разликува од систем до систем, и по тоа дали содржината е течност или сува:
ИсторијаПинтата се дефинира како 1/8 галон. За разни други стоки постоеле други верзии на галон, а такви постоеле и за пинта. Америка го прифатила т.н. вински галон (дефиниран во 1707 како 231 кубни инчи) како основна мерка за течности, од која е произлезена американската течна пинта, и британскиот пченкарен галон (1/8 стандарден „винчестерски“ шиник пченка, или 268,8 кубни инчи) како сува мерка, од која произлегува американската сува пинта. Во 1824 британската влада ги заменила сите разни галони со нов империјален галон заснован на десет фунти дестилирана вода при 62 °F (277,42 кубни инчи), од која произлегува британската фунта. Поврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia