Пирамида (геометрија)
![]() Пирамида или шилник — геометриско тело составено од основа која претставува многуаголник, и онолку ѕидови (бочни страни) колку што има страни основата. Всушност, пирамидата е рабесто геометриско тело (полиедар) кој е ограничен со еден конвексен многуаголник, а останатите ѕидови се триаголници што имаат заедничко теме и по една заедничка страна со многуаголникот. Конвексниот многуаголник се вика основа на пирамидата, а триаголниците се викаат бочни ѕидови и ја сочинуваат обвивката на пирамидата. Нивната заедничка точка се вика теме на пирамидата. Притоа, пирамидата чија основа е правилен многуаголник, а бочните рабови се еднакви меѓу себе, се вика правилна пирамида.[1] Пирамидата е дефинирана:
Цртање на пирамидатаПри цртањето на пирамидата се постапува слично како и при цртањето на призмата: Основата на пирамидата се поставува во хоризонтална положба, а висината ја цртаме нормално на основата, односно паралелно со рамнината на цртањето. Од подножната точка на висината (ортогоналната проекција на врвот) се повлекува нормала на основата и на неа се нанесува висината. На тој начин е определен врвот на пирамидата. Притоа, подножјето на висината е во тежиштето на основата. Ортогоналната проекција на врвот кај правилната четириаголна пирамида е во пресекот на дијагоналите на основата. Бочните ѕидови на правилната пирамида се складни рамнокраки триаголници. Бочната висина на правилната пирамида се вика апотема. Триаголната пирамида уште се вика тетраедар, а нејзина основа може да биде кој и да било ѕид.[2] ПоделбаВо однос на основата пирамидите се поделени на:
Пирамидата е правилна кога сите страни се еднакви по должина. Во однос на аголот помеѓу висината и рамнината, пирамидите се поделени на:
Зафатнина и плоштинаСпоред принципот на Кавалијери, две пирамиди што имаат еднакви висини и еднакви плоштини на основите, имаат еднакви зафатнини.[3] Оттука, зафатнината на триаголната пирамида е еднаков на третина од производот на плоштината на основата и должината на нејзината висина. Формулата за пресметување на зафатнината на призмата е:[4]
Пресек на пирамидаАко пирамидата се пресече со рамнината Σ, тогаш нивниот заеднички дел претставува многуаголник и се вика пресек на пирамидата. Пресекот може да биде: паралелен, ако рамнината Σ е паралелна со основата на пирамидата, и дијагонален, ако рамнината Σ минува низ два несоседни бочни рабови. За паралелниот пресек на пирамидата важи следнава теорема: Ако пирамидата се пресече со рамнина што е паралелна со основата, тогаш: 1) бочните рабови и висината со пресекот се поделени на пропорционални отсечки; 2) основата и пресекот се слични многуаголници; 3) плоштината на пресекот и плоштината на основата се однесуваат како квадратите на нивните растојанија до врвот на пирамидата. Инаку, делот од пирамидата кој е ограничен со основата и со еден паралелен пресек се вика потсечена пирамида.[8] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia