Пиратска партија (Шведска)
Пиратската партија (шведски: Piratpartiet) е политичка партија формирана во Шведска во 2006 година. Сега таа во Шведска е трета по број на членови. Нејзината популарност влијаеше на зголемувањето на популарноста и на другите партии во другите земји со исти или слични цели. Формирана е Меѓународна пиратска партија. Партијата тежнее кон реформа во законодавството према авторските права и патентите. Агендатата подразбира поддршка на правото на приватност, како на интернет така и во секојдневниот живот, и транспарентност на државата и администрацијата.[2] Партијата учествувала на изборите за парламент на Шведска во 2006 година и освоила 0,63% гласови со што станала трета партија по бројот на гласови надвор од парламентот. По бројот на членови ја престигнала Партијата на Зелените во декември 2008 година, а партијата на левицата во февруари 2009, либерално демохристијанската партија во април 2009[3], а партијата на центарот во мај 2009 година, со што станала трета партија по бројот на членови во Шведска. Организацијата на Млади Пирати која е подмладок на Пиратската партија е најголема организација на млади по својот број. На изборите за европскиот парламент во 2009 година Пиратската партија добила 7,13% од гласовите што резултирало со еден мандат во Европскиот парламент, а две доколку се ратификува Лисабонскиот договор.[4][5] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia