Пиринејски Полуостров
Пиринејскиот Полуостров (или Ибериски Полуостров, од шпански и португалски: Península Ibérica) — голем полуостров сместен на крајниот југозападен дел од Европа. На југ и на исток излегува на Средоземното Море, а на север и запад на Атлантскиот Океан. Пиринеите го формираат североисточниот дел од полуостровот, поврзувајќи го со остатокот од Европа. Кај Гибралтар на југ, Пиринејскиот Полуостров се приближува до Африка. Плуостровот го добил името од планинскиот венец Пиринеи што се протегаат на него. Другото име „Ибериски Полуостров“ води потекло од стариот народ Ибери кој живеел на полуостровот во антиката. Држави и територии
Јазици
Предримски јазициНа Пиринејскиот Полуостров пред римското владеење се говореле следиве јазици: ИсторијаВо 711 година маварската умајадска војска од Северна Африка направила инвазија на визиготска Христијанска Шпанија. Под водство на нивниот водач Тарик ибн-Зијад, тие влегле преку Гибралтар на 30 април, 711 г, и го потчиниле поголемиот дел од Пиринејскиот Полуостров под исламска власт цели осум години. Ал-Андалус (Арапски: الإندلوس) е Арапското име на Пиринејскиот Полуостров дадено од Муслиманските освојувачи. Во средновековието, полуостровот бил дом на повеќе мали државички. Како и да е, овие држави се зголемувале на сметка на други, сè до завршувањето на Наполеоновите војни (вклучувајќи ја и Полуостровската војна) во 1815. Тогаш бил создаден тоа што денес е и современиот Пиринејски Полуостров, кој се состои од Шпанија, Португалија (без островите Сеута и Мелиља), територијата Гибралтар и Андора. Наводи
Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia