Питер Бројгел Помладиот![]() Питер Бројгел Помладиот (холандски: Pieter Bruegel de Jonge; 1564/1565 – 10 октомври 1636) — фламански сликар, познат како „Пеколниот Бројгел“ поради фантастичните сцени со оган и гротескни фигури. Припаѓал на истакнатото сликарско семејство Бројгел. На делата се потпишувал како Brueghel, поради нестандаризираниот холандски правопис. ЖивотРоде е во Брисел како најстар син на прочуениот слиакр Питер Бројгел Постариот (наречен „Селанецот Бројгел“) и Мајкен Куке ван Алст. Татко му починал во 1569 г, кога помладиот Питер имал само пет години. По смртта на мајка му во 1578 г, со брат му Јан (наречен „Кадифениот Бројгел“) и сестра му Марија се преселил кај баба му, Мајкен Верхулст, вдовица на сликарот Питер Куке ван Алст. Според Карел ван Мандер, таа самата била сликарка и веројатно нивен прв наставник по ликовна уметност. Нешто по 1578 г. семејството се преселило во Антверпен, а Питер веројатно се главил за чирак кај пределниот сликар Гилис ван Конингсло (1544–1607). Во записникот за 1584/1585 г. на Лукиниот еснаф, Питер се води како самостоен мајстор. Во 1588 г. се оженил со Елизабета Годеле и имале седум деца. Починал во Антверпен на возраст од 72 години. Дела![]() ![]() ![]() Сликал предели и сцени со верска и фантастна тематика. Фантастичните сцени содржат мошне бизарни ликови и пламен, со кои го заработил прекарот „Пеколниот Бројгел“. Покрај сопствените слики, Питер Бројгел Помладиот ги пресликувал татковите дела, пресликувајќи ги со дупчена хартија . Неговите битови слики од селскиот живот ја немаат суптилноста на татко му, каде е изразена проникливоста во човечкото и живописното.[1]
Семејна лоза
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia