Планетариум (Урдин)
Планетариум – слика од Киро Урдин. Со површина од 48 квадратни метри, таа е меѓу најголемите во современа Европа. Сликата е откупена и поставена во зградата на електронскиот гигант NEWAUS, во Ајндховен – Холандија.[1] Планетариум е првата слика во човечката историја која била работена низ цел свет од 1996 до 1997 година. Била работена во: Гробот на Исус, Ѕидот на плачот, Њујорк, Берлинскиот ѕид, Нерези, Охрид, Брисел, Кноке-ле-Зуте, Бриж, Париз, Рим, Помпеја, Пиза, Суецки Канал, Лондон, Стоунхенџ, Атина, Сунион, Нил, Пирамидите во Гиза, Мачу Пикчу, Куско, Бангкок, Пекинг (Забранет Град), Кинескиот Ѕид, Токио, Камакура, Мон Сен Мишел, Нуенен и Ајндховен.[2] Планетариумот како мултимедијален проект е меѓу првите како уметничко дело во ликовниот правец мондидализам. За „Планетариумот“ е снимен и филм на трака од 35 мм кој филм бил прикажан и на официјалната селекција на познатиот телевизиски фестивал во Монте Карло во 1998 година.[1] Филмот го режирал Иван Митевски, и ја добил наградата за најдобар документарен филм на Меѓународниот фестивал на независни филмови и документарни филмови во Њујорк во 2005 година.[3] Истовремено со филмот била објавена монографија од Марин Димевски со фотографии од двегодишното патување.[4] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia