Планински пласман на Тур де Франс
ИсторијаНа првите трки на Тур де Франс немало планински премини, туку неколку помали искачувања. Првиот бил Кол де Ешармо (712 м), на воведната етапа од Париз до Лион, на која сега се наоѓа стариот пат од Отин до Лион. Етапата од Лион до Марсеј го вклучувала Кол де ла Републик (1.161 м), исто така познат како Кол ду Гран Боа. Првиот посериозен врв бил Балон д’Алзас (1.178 м) во Вогезите[1] — бил вклучен во трката во 1905 година. Меѓутоа, вистинските планини не биле вклучени до 1910 година, кога за првпат се одело во Пиринеите. Таа година, трката се возела или повеќе се одела, на Кол д’Обиск и потоа на соседниот Турмале. Обете искачувања биле калливи патеки, голем предизвик за тешките и безбрзински велосипедист возени од велосипедисти со гуми околу нивните рамења и нивната храна, облека и алати во торби околу нивните рачки. Помошникот на организаторот, Виктор Брајер, стоел на врвот на Обиск со колегата кој го предложил вклучувањето на Пиринеите, Алфонс Стенес.[2] Дегранж бил доволно самоуверен по Пиринеите да ги вклучи и Алпите во 1911 година.[3] Највисокото искачување на трката било Симе де ла Бонет во 1962 година, достигнувајќи 2.802 метри.[4] Највисока планинска завршница на Тур била на Кол ду Галибие на Тур де Франс 2011.[5] Од 1905 година, весникот-организатор l'Auto именувал еден велосипедист на Тур де Франс како meilleur grimpeur (најдобар искачувач).[6] Во 1933 година, Висенте Труеба бил победник на овој пласман. Меѓутоа, Труеба бил многу слаб спуштач, па така никогаш ништо не добивал од стигнувањето на врвот прв. Директорот на Тур де Франс, Анри Дегранж, одлучил дека велосипедистите треба да добиваат бонус ако стигнат на врвот први. Од 1934 па натаму, разликата меѓу првиот и вториот велосипедист кој ќе стигне на врвот била давана како временски бонус на првиот. Овие временски бонуси подоцна биле отстранети, но кованицата „крал на планините“ останала.[7] Иако најдобриот искачувач бил првпат признаен во 1933 година, маичката не била воведена до 1975 година. Боите биле одлучени од тогашниот спонзор, Chocolat Poulain, чии чоколади биле покриени со точкести пакувања.[8] Моментално, маичката е спонзорирана од маркетите Карфур, кои се спонзори на маичката од 1933 година, првично под брендот Шампион, но од 2009 година поддржани од главниот бренд Карфур. Боите на маичката на Тур биле прифатени и од други велосипедски етапни трки. Моментална состојбаНа врвот на секое искачување на Тур, постојат бодови за возачите кои први ќе дојдат на врвот. Искачувањата се поделени во категории од 1 (најтешко) до 4 (најлесно) засновано на нивната тежина, мерена според нивната стрмнина и должина. Неколку од најтешките искачувања првично добиле различна бодовна скала и биле запишани како „некатегоризирани“ (Hors catégorie, термин кој подоцна бил прифатен како нешто извонредно); меѓутоа, од 1980-тите искачувањата од hors catégorie добивале своја бодовна скала и станале посилни, и покрај своето име, од категоријата 1, односно биле над неа. Во 2004 година, бодовниот систем бил изменет, па така првиот возач во четвртата категорија добила 3 бода, додека првиот за искачувањата од екстра категорија добивал 20 бода. Другите бодови на искачувањата од четврта категорија биле за првите тројца, додека за искачувањата од екстра категорија биле за првите десет. Од 2004, бодовите на последното искачување на етапата биле удвоени, но искачувањата требало да бидат најмалку од втора категорија.[9] Распределба на бодовиБодовите кои се добиваат од последователните возачи достигнувајќи го планинскиот врв се распределуваат според следнава класификација:
Бодовите на планинските завршници се удвојуваат, доколку искачувањето е од екстра категорија (ЕК), 1. или 2. категорија. Организацијата на трката одредува кои искачувања се вклучени во планинскиот пласман и која категорија се тие. Доколку двајца возачи имаат подеднаков број на бодови, возачот со најмногу први места на искачувањата од екстра категорија, се прогласува за победник. Ако возачите пристигнале први, подеднаков број на пати, првите места на искачувањата од 1. категорија ќе се споредат. Доколку повторно имаат подеднаков број во оваа категорија, организаторот продолжува да ги споредува нивните резултати на искачувањата од 2., 3. и 4. категорија, додека не се пронајде победникот. Доколку бројот на први места во сите категории е подеднаков за обајцата, возачот со повисоко место во генералниот пласман ја добива планинската маичка. До 2011 година, бодовите добиени на планинските искачувања биле распределуваат според следниов начин:
Критика на системотВо поново време, системот добил одредени критики. Шестократниот победник Лисјен ван Импе изјавил дека планинската маичка е обезвреднета, бидејќи припаѓа на велосипедисти кои немаат надеж да победат во генералниот пласман, па така им е дозволено да победнат и да ги соберат бодовите на искачувањата при бегствата. Оваа тактика била започната од велосипедисти како што се Лорен Жалабер и Ришар Виранк, но според Ван Импе, тие навистина можеле да се искачуваат. Ван Импе предложил да се доделуваат временски бонуси, кои можеби ќе ја зголемат борбата.[11] Победници на планинскиот пласманВелосипедисти именувани „најдобри искачувачи“Овој список ги прикажува велосипедисти кои биле одбрани како „најдобри искачувачи“ (meilleur grimpeur) од весникот l'Auto. Иако весникот бил организатор на Тур де Франс, титулата не била доделувана од нив, туку била неслужбена. Меѓутоа, таа е директен претходник на планинскиот пласман.[12][13] Победници на планинскиот пласманПовеќекратни победници
Победници по земја
Победа на генералниот и планинскиот пласман во истата годинаНекои велосипедисти успеал да ги освојат генералниот пласман и планинскиот пласман во истата година. Во раните години на Тур, само највисоките планини носеле бодови. Велосипедистите кои целеле на победа на Тур генерално биле добри на тие планини, па возачите високо во генералниот пласман биле вообичаено високи и во планинскиот пласман, што го правело освојувањето на двата пласмани поверојатно. Подоцна, правилата на планинскиот пласман се промениле, давајќи повеќе бодови на планините на долната категорија. Велосипедистите кои целеле за победа на генералниот пласман не трошеле енергија за овие планини и така други велосипедисти можеле да дојдат до победа на планинскиот пласман. Генералниот и планинскиот пласман биле освоени од ист возач девет пати, од шест различни велосипедисти:
Во 1969 година, Еди Меркс не ги освоил само генералниот и планинскиот пласман, туку исто така и бодовниот пласман.
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia