Побарувачка за пари
Побарувачка на пари (англиски: Demand for Money, Money Demand) е количеството пари што сакаат да го држат луѓето и фирмите. Номинална и реална побарувачка на париГенерално, постојат два вида на побарувачка на пари. Номинална побарувачка на пари е побарувачката која при зголемување на номиналниот БДП се зголемува пропорционално, а се намалува при зголемување на номиналната каматна стапка. Реалната побарувачка на пари е побарувачката која постои при одредена големина на номиналниот БДП независна од индексот на цени. Таа се пресметува кога номиналната побарувачка на пари ќе се подели со индексот на цени.[1] Функција на побарувачката на париТипичната функција на побарувачката на пари е дадена во следнава форма:
Мотиви за држење на париПостојат голем број на детерминанти кои ја определуваат големината на побарувачката на пари. Со цел за појасно согледување во теоријата се издвојуваат две големи групи, и тоа:[2]
Трансакционен мотивМотивот за трансакциони цели ја определува количината на пари потребна за секојдневно купување на разни добра и услуги. Трансакциониот мотив е во позитивна корелација со реалниот доход и инфлацијата. Кога реалниот доход на еден поединец расте, неговата побарувачка за добра и услуги расте, и последователно количината на пари која му е потребна ќе се зголеми. Детерминантите кои ја определуваат потребната количина на пари за извршување на трансакции се:[3]
Фишерова квантитативна теорија за паритеИрвинг Фишер ја поставил својата варијанта на класичната квантитативна теорија на парите или попозната како трансакциона варијанта на квантитативната теорија. Суштината на неговата теорија ја чини познатата равенка:
Со уредување на горенапишаната равенка, во : M=1/V*P*Y, може да заклучиме дека зголемување на количеството на пари М, при константи големини на V и Y, ќе резултира во еднакво пропорционално зголемување на цените P. Така да во случај на рамнотежа помеѓу понудата и побарувачката на пазарот на пари, и сè додека брзината на оптокот на парите V e константна, побарувачката на пари ќе биде функција единствено на агрегатниот доход. Мd= P*Y/V Бомол-Тобинов модел за побарувачката на паритеОвој модел е економски модел на трансакционата побарувачка на пари чии творци се Вилијам Бомол и Џејмс Тобин. Оваа теорија се заснова на замената помеѓу ликвидноста која е на располагање при држење на пари (способноста да се вршат трансакции) и каматaта која би ја имале при претворање на парите во каматоносни средства. Клучни променливи на побарувачката на пари според Бомол и Тобин се номиналната каматна стапка, големината на реалниот доход кој одговара на побаруваната количина на пари за трансакции и трошокот за претворање на парите во хартии од вредност. За подобро разбирање на овој модел ќе илустрираме еден пример. Еден човек има примања кои ги добива еднаш месечно, но сака да врши купувања континуирано. Тој човек може целиот свој доход да го носи со себе цел месец и да го користи за вршење трансакции. Но, во тој случај би изгубил камата на целиот или дел од доходот доколку би го чувал во банка или во хартии од вредност. Најиделната стратегија би била држење на дел од доходот како готовина, а дел како хартии од вредност. Овој модел е илустриран со следното равенство: Md/P = √t*Y/2R, каде што t е трошокот за претворање на парите од еден во друг облик, R e номиналната каматна стапка, а P и Y се истите големини како во равенката на Фишер. Всушност клучната и единствена разлика помеѓу овој модел и моделот на Фишер, е тоа што побарувачката на пари според Бомол-Тобиновиот модел е функција, освен на реалниот доход Y (позитивна врска), на номиналната каматна стапка (негативна врска) и на трансакциониот трошок. Мотиви за побарувачка на пари како имотОсвен побарувачката на пари за трансакциски цели, постои и побарувачка на пари за нивно претворање во помалку ликвидна форма на имот, односно во реални добра. Побудата за овој вид на побарувачка постои, бидејќи луѓето не сакаат целото свое богатство да го држат во пари. Шпекулативен мотив (Кејнсова теорија на претпочитање ликвидност)Џон Мејнард Кејнз, еден од најпознатите економисти на 20 век, е основоположник на теоријата на претпочитање ликвидност. Во оваа теорија Кејнз анализира неколку побуди кај луѓето којшто ги тераат да чуваат пари. Тоа се:
Шпекулативната побуда за ликвидност, Кејнс ја смета за особено важна и посебно ја разгледува. Оваа побуда ја одредува количината на пари која што луѓето сакаат да ја имаат за инвестирање во хартии од вредност и други видови на имоти во погоден момент. Побарувачката на пари за задоволување на шпекулативната побуда, според Кејнс, се менува под влијание на каматната стапка на хартиите од вредност. Основната претпоставка на кејнсовата теорија е дека економските агенти ќе го држат целиот свој имот во пари ако очекуваат намалување на каматните стапки на хартиите од вредност и обратно. На пример ако агентите очекуваат помали номинални каматни стапки на обврзници во иднина од сегашните, тогаш ќе ја намалат побарувачката на пари, и ќе го зголемат поседувањето на обврзници денес. Ако идните каматни стапки навистина паднат, тогаш цените на обврзниците ќе се зголемат и економските агенти ќе се здобијат со капитална добивка. Тоа е така бидејќи е познато дека постои инверзна врска помеѓу каматните стапки и цените на обврзниците. Така да генерално шпекулативната побарувачка за пари е детерминирана од:
Кејнз исто така ја моделирал побарувачката на пари како реална побарувачка на пари односно М/P. Со други зборови,ако цените се зголемат дупло, побаруваната количина на пари се зголемува за дупло, ама реалната количина останува иста. Така да луѓето бираат колкава количина на пари ќе држат во зависност од каматната стапка, и доходот. M/P = f(i, Y) Пристапот на Кејнз е многу поразличен од пристапот на Ирвинг Фишер во квантитативната теорија за парите. Со замена на М во кејнсовата равенка за М-количеството на пари од фишеровата равенка ќе дојдеме до следното равенство : Y/V = f(i, Y) или V = Y/(f(i,Y)) Ова значи дека според кејнсовата теорија брзината на оптокот на парите е флуктуирачка категорија за разлика од претпоставката на Фишер според која V e фиксен, даден елемент. Според Кејнз брзината на оптокот на парите флуктуира заедно и во ист правец со каматната стапка. И двете големини се проциклични, се зголемуваат во време на експанзија, а намалуваат во време на рецесија. Дали е побарувачката на пари стабилна?Прашањето на стабилноста на побарувачката на пари е проблем којшто ги мачи економистите во последните неколку децении. До средината на 1970 години од XX век побарувачката на пари како функција на доходот и каматните стапки се покажа како релативно стабилна. Но, почнувајќи од 1974 година, стабилноста на побарувачката на пари за М1 почна да се нарушува. Тогашните проекции за побарувачката на пари ја преценуваа актуелната побарувачка. Тоа беше проблем за монетарните власти чија задача е да го одредат количеството на пари кое што ќе ги задоволи потребите на луѓето. Моделите на побарувачка покажувале многу мала чувствителност на побарувачката на пари на каматните стапки, и изгледало дека волатилноста на побарувачката била надворешна. Што го предизвикало тоа? Најверојатно финансиските иновации од 1970 година(money market accounts, Now accounts, електроски трансфери на пари) и финансиската дерегулација го промениле начинот на функционирање на парите и општата дефиниција за побарувачката на пари. Исто така брзината на оптокот на парите се покажала како доста нестабилна категорија, особено во периоди на рецесија. Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia