Погодок!![]() Погодок! - пребарувач во Македонија. Пребарувачот предвиден за семрежниот простор во Македонија, започна со работа на 22 ноември 2005 година. Pogodok.com.mk ќе работи на комерцијализација на пребарувачкиот семрежен простор во Македонија. Пребарувачот Погодок! ги собира, ги организира и овозможува увид во содржините кои постојат на домашното семрежје. Како резултати од пребарувањата се добиваат исклучително информации од домашниот дел на семрежјето, кој е мал во однос на глобалната мрежа, но од исклучително значење за целокупната македонска заедница. Со ова се елиминира појавата на незначајни информации помеѓу резултатите од пребарувањето. Корисниците брзо и лесно добиваат употребливи информации. Брзиот и лесен пристап на информациите ќе има за резултат корист за самите автори. Тие ќе бидат мотивирани да создаваат нови содржини. Со тоа ќе се поттикне развојот на делот од македонското семрежје како и зголемување на нивото на квалитет на услугите кои се достапни преку него. Основни предности на локалниот пребарувач Погодок! во однос на глобалните пребарувачи се:
Од 01.09.2010 пребарувачот Погодок е исклучен и не функционира. Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia