Податочна структура![]() Податочна структура — облик на организирање, управување и складирање на податоци којшто овозможува алгоритмички ефикасен пристап и обликување.[1][2][3] Попрецизно, податочната структура претставува збирка од податочни вредности, нивните меѓусебни врски, како и функциите и операциите коишто се применуваат на нив.[4] ПрименаПодаточните структури служат како основа за апстрактни податочни видови. Апстрактниот податочен вид го определува логичкиот облик на податочниот вид. Податочната структура го користи физичкиот облик на податочниот вид.[5] Различни видови на податочки структури се приспособени за различни видови на примена и некои од нив се високоприспособени за конкретни задачи. Така на пример, релациските бази на податоци користат индекси на В-дрво за повикување на податоците,[6] додека употребата на програмскиот преведувач обично повлекува раздробувачки табели за препознавање на определбите.[7] Податочните структури обезбедуваат средство за ефикасно управување со големи количини податоци за големи бази на податоци и мрежно индексирање. Обично ефикасните податочни структури се клучни за создавање ефикасни алгоритми. Некои методи и програмски јазици ги претпочитаат податочните структури во однос на алгоритмите како клучен организациски чинител во создавањето на програмска опрема. Податочните структури може да се користат и за организирање на складот и повикувањето информации складирани во првостепеното и второстепено сметачко памтење.[8] УпотребаПодаточните структури главно се засноваат врз способноста на сметачот да повика и складира податоци било каде во неговото памтење, што е определено со покажувачот, т.е. низа како претстава за памтечка адреса којашто може да биде складирана во сметачкото памтење и изменувана од страна на програмот. Со тоа, низите и записите на податочните структури се засноваат врз пресметување на адресите на податочните ставки со аритметички операции, додека поврзаните податочни структури се засноваат врз складишни адреси на податочки ставки во самата структура. Употребата на податочната структура обично бара впишување на множество постапки коишто создаваат и изменуваат примери од самата структура. Ефикасноста на податочната структура не може да бидат анализирани одвоени од другите операции. Ова набљудување го мотивира теоретскиот концепт на апстрактен податочен вид, т.е. податочна структура којашто е посредно определена од операциите коишто може да бидат спроведени на неа, и математички својства на операциите (вклучувајќи ги трошоците за простор и време).[9] Наводи
Користена литература
Препорачана литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia