Карта на покраините и териториите во Канада со нивните кратенки
Покраините и териториите на Канада се првостепени административни единици во земјата. Постојат 10 покраини и 3 територии. Главната разлика помеѓу нив е во тоа што покраините имаат своја самобитност, додека пак териториите ѝ се потчинети непосредно на сојузната влада. Покраините се сметаат за косуверени делови, секоја со своја „Круна“, која ја претставува намесен гувернер (lieutenant-governor). Териториите не се суверени, туку претставуваат обични делови од државата. На чело на секоја територија стои комесар (commissioner).
А.^де факто; францускиот има ограничен уставен статус
Б.^ Повелба за францускиот јазик; англискиот има ограничен уставен статус
В.^ Нова Шкотска ги има распуштено градовите во 1996 г. за сметка на „регионални заедници“
Г.^ Нова Шкотска има многу малку двојазични законодавни акти (три на англиски и француски; еден на англиски и полски); некои управни органи имаат озаконето двојазични имиња на англиски и француски
Д.^ Став 16 од Повелбата за права и слободи на Канада
Пред осојузувањето, Онтарио и Квебек ја сочинувале колонијалната Покраина Канада.
Британска Колумбија, Њу Бранзвик, Нова Шкотска и Островот Принц Едвард биле посебни колонии.
Манитоба е создадена во исто време со Северозападните Територии.
Сакскачеван и Алберта се создадени со одвојување на земјиште од Северозападните Територии.
Њуфаундленд бил независен доминион во рамките на Комонвелтот пред да се припои кон Канада. Британските власти го префрлиле Лабрадор од Долна Канада во Њуфаундленд во 1809 г, но местоположбата на лабрадорската граница останала спорна сè до 1927 г. Покраината го сменила името од „Њуфаундленд“ во „Њуфаундленд и Лабрадор“ со уставен амандман усвоен на 6 декември 2001 г.
Со исклучок на Фредериктон и Викторија, главните градови на покраините се или најголеми или втори по големина во својата покраина. Фредериктон е на третото место во Њу Бранзвик, а пак Викторија го зазема дури десеттото место во Британска Колумбија.
Канада има три територии. За разлика од покраините, териториите немаат сопствена самобитност, туку само овластувањата што им ги дава сојузната влада.[2][3][4] Териториите ја опфаќаат сета копнена Канада северно од 60° СГШ и западно од Хадсоновиот Залив, како и сите острови северно од континентална Канада (од оние во Џејмсовиот Залив, па сè до канадските арктички острови). На табелата, териториите се наведени по првенство (секоја покраина има првенство над териториите, без оглед на тоа кога се создадени).