Полноќна миса (минисерија)
Полноќна миса (англиски: Midnight Mass) — американска натприродна минисерија на ужасите, создадена од Мајк Фланаган за платформата Netflix. Во главните улоги се појавуваат Зак Гилфорд, Кејт Сигел и Хејмиш Линклејтер. Премиерата се одржала на 24 септември 2021 г. Серијата добила потврдни одзиви од страна на рецензентите.[1] Заплетот се сосредоточува на побожна и сиромашна островска заедница што доживува натприродни настани по пристигнувањето на таинствен свештеник.[2] СодржинаЕден младич се враќа во своето изолирано родно место на островот Крокет, со надеж дека ќе го изгради животот одново по четири години поминати во затвор, зашто, возејќи пијан, усмртил човек. Тој пристигнува истовремено со таинствен и харизматичен млад свештеник, кој почнува да ја оживува веќе ослабената вера на заедницата. Но разделеноста меѓу жителите брзо се продлабочува поради делата на свештеникот, додека мрачни и необјасниви настани почнуваат да се случуваат во малото гратче. Улоги
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia