Полски Тр’мбеш
Полски Тр’мбеш (бугарски: Полски Тръмбеш) — град во Северна Бугарија, административен центар на општината Полски Тр’мбеш во Великотрновската Област. Има население од околу 4.293 жители (2022).[1] Географија и местоположбаГрадот се наоѓа на 36 километри од регионалниот центар Велико Трново, 45 километри од Свиштов, и на 33 километри од Горна Орјаховица. Се наоѓа во близина на реката Јантра, во централниот дел на Дунавската Рамнина. ИсторијаЗа прв пат населбата се споменува во османлиските регистри во 1430 година под името Полски Тр’мбеш. Се нарекува со неколку други имиња, но во сите го има називот Тр’мбеш. Самиот збор доаѓа од старобугарското „тр’мбја“, што значи подготовка на земјата пред орање, т.е. чистејќи го од треви, грмушки, стебла и така натаму. До 1865 година имало 40-50 бугарски и турски куќи — речиси подеднакво од двата етникума. На првиот попис во 1880 година, населението било 521 луѓе. Во 1900 година преку Полски Тр’мбеш била поставена железничката линија Русе - Горна Орјаховица, што дало поттик за побрз економски развој на областа. Станицата била официјално отворена во 1901 година. Во 1911 година, во селото бил основан неделен пазар во среда. Се тргувало со добиток, се купувало жито, волна, кожи, грозје, птици и други. Се развила индустријата за храна, мелничко и рударско производство. Од 1929 година селото било електрифицирано, а во 1964 Полски Тр’мбеш бил прогласен за град.[2][3] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia