Полумесечеста коска
Полумесечеста коска ― коска која се наоѓа на коренот на човечката дланка. Се одликува со својата длабока вдлабнатина и полумесечев изглед. Се наоѓа во средината на проксималниот ред коренодланкови коски, кои лежат помеѓу лакотната коска и палечната коска и дланката. Полумесечестата коска се наоѓа помеѓу страничната чунеста коска и медијалната триаглеста коска. СтруктураПолумесечестата коска е коренодланкова коска во облик на полумесечина која се наоѓа во дланката. Полумесечестата коска се наоѓа во проксималниот ред на коренодланковите коски. Проксимално, се допира со палечната коска. Странично, се артикулира со чунестата коска, медијално со триаголната коска и дистално со главичестата коска. Полумесечестата коска исто така артикулира на својата дистална и медијална површина со кукастата коска.[2]:708[3] Полумесечестата коска е стабилизирана со медијален лигамент на чунестата коска и страничен лигамент на триаглестата коска. Лигаментите помеѓу палечната и коренодланковата коска, исто така, ја стабилизираат положбата на полумесечестата коска, како и нејзината положба во полумесечестата јама (фоса) на палечната коска.[3] КоскаПроксималната површина на полумесечестата коска е мазна и конвексна, артикулирана со палечната коска. Страничната површина е рамна и тесна, со полумесечински лик за артикулација со чунестата коска. Медијалната површина поседува мазна и четириаголна страна за артикулација со триаглестата коска. Палмарната површина е груба, како и дорзалната површина. Грбната површина е широка и заоблена. Дисталната површина на коската е длабока и конкавна.[4] Снабдување со крвПолумесечестата коскаго добива снабдувањето со крв од задните и палмарните гранки.[3] ВаријацијаПолумесечестата коска има променлив облик. Околу една третина од полумесечестите коски немаат медијален аспект, што значи дека не се артикулираат со кукастата коска. Дополнително, кај околу 20% од луѓето, снабдувањето со крв може да се појави само од палмарните садови.[3] ОсификацијаОсификацијата на полумесечестата коска започнува помеѓу 18 месеци и 4 години и 3 месеци.[5] ФункцијаКоренодланковите коски функционираат како единица која обезбедува коскена надградба за дланката.[2]:708[3]:708 Како проксимална коренодланкова коска, полумесечестата коска е исто така вклучена во движењето на зглобот.[3] Клиничка важност![]() Полумесечестата коска е најчесто изместуваната коренодланкова коска.
ЕтимологијаНаучното латинско име (os lunatum) на полумесечестата коска потекнува од зборот „во облик на полумесечина“ (латински: lunatus),[6] кој доаѓа од коренот luna („месечина“), од сличноста на коската со полумесечина. Кај водоземците и влекачите, коската наместо тоа е нарекувана средна коска (intermedium), поради нејзината положба помеѓу другите два проксимални коренодланкови коски. Дополнителни слики
Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia