Полушко полеПолушко поле (руски: Полюшко поле) е руска песна. Се смета дека е напишана за време на Руската граѓанска војна и пеена во редовите на Црвената армија. За советската варијанта на песната, музиката била компонирана од Лав Книпер, а текстот го напишал Виктор Гусев. Книперовата песна била дел од симфонијата со хор (текст на Гусев) насловена како „Поема за комсомолскиот борец“ („Поэма о бойце-комсомольце“) компонирана во 1934. Направени се неколку западни аранжмани на оваа мелодија под наслов „Козачка патрола“, особено верзијата на Иван Реброф, и други со поинакви наслови како „Ливадишта“, „Коњица на степите“ и „Одвеани од виорот“. Tanz Brüderchen од Hyperactive, и авторизиран рејв ремикс на Ребровата изведба. Давид Маркиш има напишано роман Полюшко поле во кој се работи за Нестор Махно и Борис Можаев, советски писател во т.н. „рустичен стил“ кој го напишал романот за животот во колхозите. Во 1956 направен е и филм со исто име. Песната исто така е основа за песна од Глен Милер и Џери Греј насловена како Russian Patrol („Руска патрола“) или The Red Cavalry March („Маршот на црвената коњица“) . Текст (руски)Полюшко-поле, полюшко, широко поле, Медија
|
Portal di Ensiklopedia Dunia