Помона

„Помона“ од Никола Фуше (о. 1700)

Помона — божица на плодовите во римската митологија. Таа ја презирала љубовта на Силван и Пик, но се омажила со Вертумноо откако тој ја надитрил, преправен како старица. Нејзиниот висок свештеник бил наречен flamen Pomonalis. Ножот за кроење бил нејзин атрибут. Таа е исклучиво римска божица и особено била поврзувана со цветањето на дрвјата пред берба.

Помона исто така се поврзувала со изобилството. На статуи и фасадни украси од XIX век таа е прикажана како носи голема чинија со овошје или рог на изобилството („корнукопија“).

Поврзано

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya