Помош:Книги
Постапен водичНа оваа страница е објаснето како да направите книга од статии на Википедија во четири прости чекори. На располагање ви се форматите PDF и OpenDocument, а можете и да порачате печатење на книгата од порталот на PediaPress. Книгите може да се создаваат и со уредување. Чекор 1: Вклучете ја алатката „Книговезница“
Чекор 2: Соберете статии
Ако отворите категорија, врската ќе се смени во „Додај ја категоријава во книгата“. Со оваа можност ги додавате сите статии сместени во категоријата. Откако ќе изберете неколку статии, можете да стиснете на „Предложи страници“ и ќе ву се прикаже список од статии поврзани со она што сте го избрале. Ова ви помага да направите поопфатна книга доколку снемате идеи, или пак кога сакате да проверите да не сте изоставиле нешто.
Чекор 3: Прегледајте ја книгата
Чекор 4: Преземете ја книгата или порачајте печатење
Зачувување и споделувањеЗа да ја зачувате книгата, мора да сте регистриран корисник. Покрај ова, сметата мора да ви е автопотврдена (што значи да е направена пред барем 4 дена и да има 10 уредувања). Потоа можете да ја зачувате книгата на страницата „Книга“, до која се доаѓа преку врската „Прикажи ја книгата“ во менито лево или во алатникот. Во делот „Зачувај и сподели ја книгата“ треба да одберете дали сакате да ја зачувате книгата
На крај, ќе треба да внесете наслов на збирката и да стиснете на копчето „Зачувај“. Печатени книги од PediaPressСтискајќи го копчето „Прегледај со PediaPress“, вашата збирка на статии ќе биде подигната на PediaPress - служба за печатење на книги со вики-содржини. Повеќе информации за печатените книги ќе најдете на ЧПП и страницата „Печатени книги“ (каде се наведени цените и расположливите формати). Во 2007 г, Фондацијата Викимедија и PediaPress склучија договор за долгорочна соработка со цел да се подобри достапноста на содржини од Википедија и други википроекти во облик на висококвалитетни печатени книги или текстуални документи во форматот OpenDocument. Повеќе информации
|
Portal di Ensiklopedia Dunia