Помош:Проверка на странициПочнувајќи од април 2010, Википедија на македонски јазик има нов систем за проверка на промените на страниците со кој повнимателно се контролира содржината која е видлива за читателите на енциклопедијата. Овој систем се нарекува „означени ревизии“ (англиски: flagged reviews) и со него одредени корисници (во кои вики-заедницата има доверба) можат јасно да ги обележуваат различните верзии на една страница и да покажат дека тие се прегледани и дека задоволуваат одредени критериуми. Способноста за означување на ревизии го олеснува процесот на одржување на викито, бидејќи е многу појасно кои уредување се нови (и можеби непожелни), а кои се прифатени како конструктивни. Содржината може да биде обележана како:
Објавена и работна верзијаЕдна страница може да биде достапна во две верзии: објавена верзија и работна верзија.
![]() Ако една страница има објавена и работна верзија, на читателот, по основно, му се прикажува објавената верзија, а во горниот десен агол од страницата се наоѓа ознака ( При создавањето врска до некоја вики-страница, секогаш може да се направи врската да води или до работната или до објавената верзија преку додадавање на &stable=0 или &stable=1 на URL-то, соодветно. Уредување и прикажување на променитеОзначените ревизии не влијаат врз способноста на корисникот за уредување на некоја страница, туку врз начинот на кој се прикажуваат уредувањата. Кога некој корисник уредува некоја страница, содржината на кутијата за уредување секогаш е онаа на работната верзија. Кога постојат непрегледани промени, направени по последната објавена верзија, над кутијата за уредување се прикажуваат сите разлики меѓу објавената и работната верзија. Ова е важно, бидејќи текстот којшто се уредува може да не е ист со страницата која корисникот ја погледнал пред да кликне на јазичето „Уреди“ (ако корисникот ја гледал објавената верзија). Ова исто така овозможува било кои промени да бидат веднаш оценети и променети или пак вратени ако е тоа потребно. Ако корисникот не може да ги види неговите промени, тогаш се појавува дополнителна порака за предупредување со текст: „Вашите промени ќе бидат видливи за корисниците откако ќе ги провери овластен корисник“. Освен ова, уредувачкиот процес не е променет од означените ревизии. Корисниците кои можат да ги оценуваат промените ги охрабруваме да го прават тоа по секое уредување. Ако оценувачот зачува промена, а не ја оцени на претходно опишаниот начин, тој нормално се враќа на статијата, но му е прикажана и разликата од сите промени, вклучувајќи ги и неговите, по последната устојчива верзија со можност за веднаш да ги оцени промените. Оценка на странициКој може да оценуваПостојат две групи на корисници коишто можат да оценуваат — уредувачи и оценувачи.
Автоматски создадениот список на сите корисници со правото „уредувач“ на овој проект е овде.
Автоматски создадениот список на сите корисници со правото „оценувач“ на овој проект е овде. Како се оценуваСо исклучокот на кутијата за обележување „Прифати ја оваа непроверена страница“ која се појавува на прозорецот за уредување, сите методи на оценување го користат истиот посреднички елемент. На дното од работната страница има кутија за оценување ревизии со неколку алатки за избор кои му овозможуваат на оценувачот да избере кои ознаки да ги примени на ревизијата, а има и можност за оставање на коментар кој ќе се појави во дневникот на напредни проверки. Корисниците можат да ја оценат било која верзија, вклучувајќи ги и оние верзии кои веќе се оценети од други. Во тој случај најновата оценка ги брише претходните: ако новиот оценувач ја обележи верзијата на повисоко ниво од претходниот оценувач, тогаш тоа се смета за нормално оценување на ревизијата со „добро“, а може и само да ја потврди ревизијата со истата ознака. Со означување на претходно оценета верзија како „несоодветна“, оценувачите можат успешно да ја отстрнат ознаката од некоја ревизија; овие отстранети одобренија можат да се видат во дневникот на напредни проверки. Следење на непроверените промениСистемот на означени ревизии е дизајниран да ги охрабри соодветните корисници да ги оценуваат верзиите брзо и ефикасно, па затоа најчесто има врски за оценка на промените направени од корисници кои самите не можат да си ги обележат промените. Уредувањата кои резултирале со непрегледана верзија се обележани со црвен извичник ! во емитувањата на листата на набљудувања и скорешните промени, со врска за оценка на промените. При забележување на страница која има непрегледани уредувања, се појавува и лента која го покажува бројот на уредувања од последната објавена верзија и врска за оценка на промените. Постојат неколку специјални страници кои се корисни за пронаоѓање и раководење на проверените и непроверените страници:
Белешки
Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia