Помош:Ситна променаСо штиклирање на кутијата „Ова е ситна промена“ означувате дека сте направиле само површни промени меѓу новата и старата верзија на страницата, како на пример:
Едноставно, мала промена е онаа за која уредникот верува дека не треба преглед и дека таа никогаш не може да биде спорна. Спротивно од тоа, поголема промена е верзија која треба да биде прегледана, да се потврди дека со неа се согласуваат сите заинтересирани уредници. Така, било која промена која го менува значењето на статијата не е мала, дури ако сме промениле и само еден, единствен збор. Разликата меѓу мали и поголеми промени е важна, бидејќи соработниците можат да не обрнат внимание на измените кои се означени како ситни при преглед на скорешните промени; зачленетите корисници можат да ги направат своите прилагодувања на тој начин што тие воопшто нема да се прикажуваат. Ако мислите дека постои каква било можност друг уредник да ги оспори вашите промени, Ве молиме, немојте да ги означите како ситни. Соработниците кои не се зачленети и најавени не можат да ги обележат ситните промени, заради спречување на потенцијален вандализам. Можноста за означување на ситни промени е уште една причина за зачленување. Кога да ја означите промената како мала
Што треба да се има на ум
Ако случајно означите некоја промена како мала, направете уште една измена, на пр. додадете празно место меѓу два збора (некои видови на промени, како додавање на празен ред на крајот од статијата автоматски се занемаруваат), а потоа во описот означете дека претходната промена била голема. Секое несогласување околу ситните промени треба да се дискутираат на страниците за разговор. Поврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia