Понте Векио
Понте Векио (италијански: Ponte Vecchio, во превод Стар мост[1][2]) — средновековен камен мост преку реката Арно, во Фиренца, Италија. Двата соседни мостови на Понте Векио се Понте Санта Тринита и Понте але Грацие. ИсторијаПод мостот поминува реката Арно во нејзината најтесната точка[3], каде што се верува дека мостот првпат бил изграден во римско време[4], кога преку него поминувал Виа Касија[3]. Римските столбови биле од камен со надградба од дрвото. Мостот првпат се појавува во документ од 996. Откако бил уништен од поплава во 1117 година, бил реконструиран во камен, но повторно бил срушен во 1333 година[4]. Тој бил повторн изграден во 1345[5]. Џорџо Васари го припишува неговиот дизајн на Тадео Гади[6]. Современите историчари го презентираат Нери ди Фиораванти како можен архитект. Мостот се состои од три арки: главниот лак има распон од 30 метри, а двете странични арки 27 метри. За време на Втората светска војна, Понте Векио не бил уништена од страна на Германците за време на нивното повлекување, за разлика од сите други мостови во Фиренца[7][8] . Ова, наводно, било според многу месни жители и туристички водичи, поради изразената наредба на Хитлер[9][10][11]. ПанорамаНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia