Порече низ историјата
„Порече низ историјата“ е книга на автoрот Милан Ристески, плод на неговото архивско и етнолошко истражување во периодот од 1962 - 1975 година. При пишувањето на хрониката користена е изворна мемоарска граѓа, разни списи од Архивот на Македонија и од Архивот на Прилеп како и разни написи публикувани во весници, списанија и посебни изданија на книги од разни автори. Првиот дел ја опфаќа географската положба на Порече и населените места, најповеќе во периодот од пред Илинденското востание до 1912 година. Вториот дел ги опфаќа позначајните настани од 1912 - 1941 година, особено Балканските војни и Првата светска војна. Третиот дел го опфаќа периодот на Народноослободителната борба од 1941 - 1945 година. Издавањето на книгата е потпомогнато од членовите на општествено-политичките органи и организации на општината Македонски Брод - Сојузот на борците, Собранието на Општината, Конференцијата на СКЈ и др. Директор: Насте Стојкоски Уредник: Мире Арсениевски Лектура: Василка Бисеркоска Коректура: Лазо Ристески Технички уредник: Владо Богески Нацрт на корица: Ласко Џуровски |
Portal di Ensiklopedia Dunia