нема постојани жители, само привремени вработени во истражувачка станица
Посесион (француски: Île de la Possession) е остров во Индискиот Океан, дел од групата на Крозеови Острови. Административно, островот е дел од Француските Јужни и Антарктички Земји. Овој е единствениот остров во архипелагот кој има присуство на луѓе. Островот има вкупна површина од 150 км2, што го прават островот најголем во архипелагот.
Географија
Посесион се наоѓа исто во источниот дел од архипелагот, на околу 20 километри западно од Источниот Остров. Островот има планински терен со длабоки леднички долини. Крајбрежниот дел е покриен со супантарктичка вегетација. На овој остров нема постојано население, но има луѓе кои работаат во истражувачката станица Алфред Фор. Станицата се наоѓа во источниот дел од островот и има капацитет од максимум 20 луѓе.[1]
Галерија
Илустрација на Крегеленска патка со мали пајчиња од Посесион.