Пост-рестантПост-рестант — писмо или друга поштенска пратка што не се доставува до примачот и стои во пошта сѐ дури примачот лично не ја подигне.[1] Услугата се користи во ситуации кога корисникот сака пратката да ја подигне во поштата, заобиколувајќи ја испораката до домашната адреса на примачот. МакедонијаВо Македонија, при адресирање на пратката наместо адресата се пишува „Пост-рестант“, под целосното име на примачот прикажано на документот за идентификација. Неопходно е да се користи точниот број на поштата каде што се сака лично да се подигне пратката.
Услугата не е достапна во сите пошти во Македонија, туку само во поголемите. Доколку поштата ја има оваа опција, пратката ќе биде задржана за примачот до 30 дена. Како пост-рестант не може да се предаде итна пратка[2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia