Правокрилци
Правокрилците (научно: ред Orthoptera) се група на инсекти кои подлежат на нецелосна метаморфоза во нивниот развиток. Овој ред е поделен на два подреда, и тоа:
Многу инсекти од овој ред произведуваат звук (процес познат како ,,стридулација‘‘) со меѓусебно триење на нивните крила или нозе, при што и на двете се наоѓаат брановидни испапчувања. Тимпанумот (тапанчето) или увото се наоѓа на предната тибија кај штурците, и на првиот абдоменален сегмент кај скакулците. Овие организми користат вибрации за да ги лоцираат другите единки. Претставниците од овој ред можат да ги свиваат своите крила, што ги прави дел од групата Neoptera. Општи одликиПравокрилците ги поседуваат најкарактеристичните одлики на инсектите. Тие имаат кутикула изградена од хитин, поседуваат шест нозе, а телото се состои од три дела (глава, торакс и абдомен) и градбата на дигестивниот, нервниот, репродуктивниот и респираторниот систем е иста како кај другите инсекти. Класификацијата на оваа група на инсекти како посебен ред се врши врз основа на следните одлики:
|
Portal di Ensiklopedia Dunia