Празнувањата на Водици во ОхридПразнување на Водици во Охрид е духовно културно наследство според Националната класификација на културно наследство, 3.1.2.2.3. Ова празнување е меѓу најголемите и најзначајните празници и празнувања во годината. Се слават како дел од црковните празнувања, а истовремено се прославуваат и како народни празнувања проследени со народни обичаи. Празнувањето е поврзано со старото градско јадро на Охрид каде доминантно се одржуваат.[1] ДатирањеСпоред црковно-религиозните празнувања овој празник се славел уште во II век. За првпат водичарските празнувања во Охрид се спомнуваат во пишаните извори од XIX век и тоа кај К. Шапкарев и во „Македонските мелографи од крајот на XIX век“. Опис на добротоЗа празнувањето на Водици карактеристично е бирањето на „кумови“ (по случаен избор), што укажува на постоење на една посебно интересна институција наречена „кумство на Свети Јован“, а тоа значи здружување на семејства во една посебна социјална организација, наречена „кумства“, „компании“ или „крстови“. Подготовките за овие празнувања започнуваат неколку дена пред празникот. ![]() Водичарските празнувања во Охрид започнуваат со денот пред големиот празник Богојавление, познат како Водокрст или Водопост (18 јануари) и се смета за еден од потешките пости во годината. На водопост се пости за вода, за „крстот“ и утрешното „крштевање“. На тој ден започнуваат подготовките околу предавањето на кумствата и крстовите. Крстовите од секоја компанија откако ќе се накитат со китки босилек и пари врзани со црвен конец, се носат во црква, каде што треба да се пее, односно да се чита молитва од страна на свештеникот. Се носи и котле со вода која исто така треба да се освети. При тој чин задолжително треба да се присутни и стариот и новиот кум, кои се договараат околу предавањето - „распашувањето“ и „опашувањето“ на кумствата и крстовите. На самиот ден Водици (Богојавление - 19 јануари) или во народот познати како „Машки Водици“, во Охрид се одржуваат црковно-религиозни обреди. Значи, по завршувањето на литургиите од црквите Св. Богородица Каменско, Св. Никола Геракомија и Св. Ѓорѓија, од насобраниот народ се формираат процесии или литии, кои се упатуваат кон пристаништето, кон местото каде што ќе се светат водите на езерото. На чело на процесиите се свештениците, а по нив одат млади момчиња, облечени во бело руво, кои ги носат обредните реквизити: крстовите, црковните барјаци, икони и сл. Откако процесиите ќе се соберат на пристаништето владиката со група свештеници се качува на брод и откако претходно ќе го отпеат неколку пати „Во Јордание“ - Тропарот за Христовото крштевање - пред насобраниот народ се фрла крстот во Охридското Езеро. Група момчиња (однапред пријавени) веќе се во водата и се спремни за фаќање на крстот. Оној што ќе го фати крстот добива парична награда. Тој што ќе го фати крстот, го враќа на надлежниот свештеник, највисокиот по ранг од свештенството, ја пее „Во Јордание“, и добива награда. Потоа заедно со својата компанија или кумство, оди по куќите и со песни и веселби собира пари и подароци. Последниот ден од водичарските празнувања, според црковниот календар, познат како Собор на Свети Јован Крстител (20 јануари) во Охрид е попознат како Женски Водици и е проследен со обичаи околу предавањето на кумствата. Исто така, на тој ден во Охрид, многу значајно е капењето на рибарите во водите на Охридското Езеро, кои традиционално го прославуваат „Денот на рибарите“, односно денот кога престанувала забраната за лов на охридската пастрмка, која траела еден месец. Воедно тие преку водите му оддавале почест на Свети Јован Крстител и на најголемото крштевање кое се случило претходниот ден и кога пред светот се покажало Светото тројство. ПотеклоВодичарските празнувања во Охрид имаат врска со прасловенското паганство, кои христијанската црква успеала да ги асимилира, внесувајќи во нив нови елементи од христијанската религија. Посебни карактеристикиДревната традиција на Охриѓани за време на водичарските празнувања, односно фрлањето на чесниот крст во водите на Охридското Езеро, во современите социокултурни услови се манифестира преку колективноста, која се изразува преку масовната манифестација на водичарските групи т.н. „компании“, „кумства“ или „крстови“, формирани главно по сродство и се во тесна врска со осветување на водата и кумствата, па така: - на водопост започнуваат подготовките околу предавањето на кумствата и крстовите, - на Богојавление, познати како Машки Водици масовно се организира обредно фрлање на крст во водите на Охридското Езеро. Значи, по завршувањето на богослужбите во сите цркви од Охрид, од насобраниот народ се формираат процесии, кои се упатуваат кон пристаништето, односно местото каде што ќе се светат водите во езерото. - на Женски Водици на „Денот на рибарите“, денот кога започнува мрестењето на пастрмката, колективно капење на рибарите и членовите од компанијата, чиј член го фатил крстот во водите на Охридското Езеро. За време на хиерархиското редење на водичарските поворки - литии, на чело се наоѓаат свештениците, а по нив одат момчиња облечени во бели мантии, кои ги носат крстовите, црковните барјаци, иконите и сл., кои се симболи на христијанството, а по нив одат останатите учесници во обредниот церемонијал. Загрозеност на добротоСтепен на загрозеност Водичарските празнувања во Охрид, се во фаза на обезличување, бидејќи изгубиле многу од своето првобитно значење и намена. Оттука степенот на загрозеност е висок, и затоа треба најитно да се стави под режим на заштита. Причини/фактори на загрозеност Причини што влијаат врз загрозеноста на водичарските празнувања во Охрид, се следниве:
Негување на добротоДосегашните сознанија покажувале дека водичарските празнувања се негуваат на ниво на локални заедници и претставуваат сè уште жива обредна традиција карактеристична за западното етнокултурно и дијалектно подрачје, кое на автентичен начин се негува и на фестивалите во Републиката. Празнувањата на Водици во Охрид, во организација на здружението „Богојавление“ ја отвориле новата и современа страница на оваа многу значајна културна појава, која претставува спој меѓу традиционалното и современото културно изразување на оваа многу важна етнокултурна форма во Републиката, веќе позната во светот. Во 1990 година била донесена одлука за дозволено јавно празнување на возобновеното масовно празнување на Водичарските празнувања во Охрид, кои од тогаш до денес се централни традиционални празнувања за кумствата, компаниите и вадењето на светиот крст од водите на Охридското Езеро. Причини за валоризацијаПричини за валоризација на Богојавление во Охрид е: 1. Законската обврска да се валоризира и категоризира институцијата Богојавление во Охрид, како дел од нематеријалното културно наследство; 2. Утврдувањето на степен на заштита според:
Вредности и значење на доборотоВодици во Охрид обединува повеќе карактеристики на старата македонска обредна традиција. Како изворно и зачувано добро е од непроценливо значење за културниот идентитет на Македонците. Неговата интегралност изразена преку степенот на единство на неговите форми и функции во висока мера ги задоволува критериумите за неговото културно, уметничко, научно и општествено значење. Критериуми врз кои е извршена валоризација на добротоВалоризацијата на празнувањата за време на Водици во Охрид, Република Македонија е извршена според Критерумите наведени во член 3 од Правилникот за валоризација, категоризација и ревалоризација на културното наследство: 1. Критериуми што се однесуваат на својствата на доброто се:
2. Критериуми што се однесуваат на функциите на доброто:
3. Критериуми што се однесуваат на значењето на доброто:
Образложение за категоризација1.Уникатност на водичарските празнувања во Охрид се одликува во масовноста на празнувањето, како единствената културна појава во земјата од ваков вид, со јасен историски континуитет на една изворна традиционалност. 2.Впечатливост Водичарските празнувања во Охрид, со единството на нивните форми на појавување: масовноста на празнувањето обезбедува континуитет на изворната состојба, со што претставува интегрално сведоштво за културните стратуми на просторов. 3.Влијателност И покрај забраната од социјалистичкиот режим, локалната заедница на градот Охрид успеала да одржи континуитет на празнувањето. Неговата културна и уметничка, а особено комуникациска функција обезбедува континуирана можност за едукација на младата македонска популација како во Републиката така и во светот, како инспирација за создавање на културен и уметнични бренд на Република Македонија. 4.Поврзаност Космогониската основа на Водици во Охрид, претставува спој на традиционални форми на изразување со современи практики, одразувајќи го притоа духот како на руралната, така и на урбаната средина во Македонија во периодот од доцниот среден век сé до денес - спој меѓу религиозното и народното. Литература1.Алексиев, Арсениј: "Етнографски бележки за полјаните, брсјаците и мијаците", Зборник за умотворенија и народопис, XXX, Софија, 1914. 2.Арнаудов, Михаил: Студии врху блгарските обреди и легенди, И, БАН, Софија, 1972. 3.Бицевски, Трпко: "Белешки за музичките карактеристики на водичарските песни од Мариово", ЗБОРНИК од XXXI конгрес СЗФЈ, Радовиш, 1984, Скопје, 1986. 4.Veličkovska, Rodna: Dodole and Other Rituals and songs for Imploring Rain, Music & Networking, Belgrade, 2005, str. 242-251 5.Величковска, Родна: Женското обредно пеење во Охридско-струшкиот регион, Современата состојба на фолклорот во Охридско-струшкиот регион, Скопје, Институт за фолклор "Марко Цепенков", 2006, Посебни изданија, кн. 63, стр. 143-185. 6.Величковска, Родна: Музички дијалекти у македонском традиционалном народном певање - обредно певање (докторска дисертација - ракопис) Факултет музичке уметности, Београд, 2006. 7.Величковска, Родна: Водичарски обреди и водичарско певање у Македонији, Зборник радова "Дани Владе С. Милошеви¢а", Бања Лука, 2008, стр.229-241. 8.Гајдук-Никовска, Âнина: "Интегрирујаја функција фолклора", Фолклорт и современнит свт, Проблеми на блгарскиÔ фолклор, Том 9, БАН, Софииа, 1991. 9.Зборник на Браќата Миладиновци, Загреб, 1861. 10.Зборник, Современата состојба на фолклорот во Охридско-струшкиот регион, Скопје, Институт за фолклор "Марко Цепенков", 2006, Посебни изданија, кн. 63; 11.Зборник на Панајот Гиновски из село Галичник од Дебарско, подготвил и редактирал Кирил Пенушлиски, Книгоиздателство Матица Македонска, Скопје, 1995. 12.Ziegler, Susanne: Das Volkslied In Westmazedonien, Ein Strukturvergleich von Text und Musik, Osteuropa - Institut an der Freien Universität Berlin (Balkanologische Veröffentlichungen, Band 2, Harrassowitz - Wiesbaden, Berlin, 1979. 13.Икономов, В.: Старонародни песни и обичаи од западна Македонија, Институт за фолклор "Марко Цепенков", Посебни изданија, кн. 13, Скопје, 1988. 14.Икономов, Васил: Сборник от старонародни умотворени/, Песни из Дебарско, Кичевско и Охридско, Солун, 1895, 15.Илиевски Симон, "Охридскиот водосвет ќе стане централен настан во православието", Утрински весник, 19 јануари, 2004, стр. 4. 16.Илиевски Симон, "Над 10.000 Охриѓани се измија со осветената вода", Утрински весник, 20 јануари, 2004, стр. 2. 17.Китевски, Марко: Македонска народна лирика, Обредни песни, Култура - Институт за македонска литература при Филолошкиот факултет, "Блаже Конески", Скопје, 1997. 18.Китевски, Марко: Македонски празнични обичаи, Етнологија на Македонците, МАНУ, Скопје 1996, стр. 223-246. 19.Константинов, Душан Хр.: "Религиозни мотиви во песните и обичаите на Мијаците во село Смилево (Битолској)", Македонски фолклор, год. XXIV, бр. 47, Скопје 1991. 20.Малинов, Зоранчо: Традицискиот народен календар на Шопско-брегалничката етничка целина, Институт за фолклор "Марко Цепенков, Скопје, Посебни изданија, Книга 68, стр114-118. 21.Малинов, Зоранчо: "Новогодишниот обреден комплекс во Охридско-струшкиот регион", Современата состојба на фолклорот во Охридско-струшкиот регион, Скопје, Институт за фолклор "Марко Цепенков", 2006, Посебни изданија, кн. 63, стр. 218-223. 22.Михаjлов, Панчо: Блгарски народни песни от Македония, Софиja, 1924. 23.Момировски Томе, Години несоници, Наша книга, Скопје, 1988. 24.Момировски Томе, "Фрлање на крстот", СВЕТИ КЛИМЕНТОВО СЛОВО, Македонски православен календар за 1991година, Охрид, 1991, стр.48-50. 25.Неделков, Љупчо Ј.: Обреди на премин од животниот циклус на Македонците во Тиквеш, Докторска дисертација, одбрањена на Природно-математичком факултету, Институт за географију, Завод за етнологију, Скопје 2003. 26.Паликрушева, Галаба: "Кумството и побратимството на Свети Јован", Македонски фолклор, VIII, 15-16, Скопје, 1975. 27.Паско, Кузман: Охридски богојавленски водосвет, Охрид, 2005, 28.Пенушлиски, Кирил: Тематиката на македонските обредни песни, Македонски фолклор, VI/12, Скопје, 1973, стр. 12. 29.Петровски, Блаже: Водичарските песни во македонското народно творештво, Македонски фолклор, VIII/15-16, Скопје, 1975. 30.Ристовски, Блаже: "Водичарски обичаи и песни во Порече од збирките на Милан Ристески, Македонски фолклор, год. III, број 5-6, Скопје, 1970, стр. 131-154. 31.Ристовски, Блаже: Македонските додолски и други обичаји и песни за дожд, Македонски фолклор, год. X/19-20, Скопје, 1977. 32.Ристески, С. Љупчо, Континуитет, траење и промени, функции и форми на изразување на традицијата во современи услови на примерот "Покрсти" во селото Заположани - Прилепско, Етнолог, 4-5, 1994, стр. 232, 235-236. 32. Ристески, Милан: Од фолклорното богатство во Мариовскиот крај, "Стремеж", број 2, Прилеп, 1960, стр. 47-61 и "Стремеж", број 3. 33.Ристески, Стојан, Оровник и Подмолје, Коста Абрашавиќ, Охрид, 1989, стр.98. 34.Саздов, Томе: Македонската народна книжевност, Култура, Скопје, 1988. 35.Стефанија Драги, Викторија Поп Стефанија, Народно творештво кн. 1, Охрид-Струга, 1987, стр. 46. 36.Стефанија Драги, Викторија Поп Стефанија, Народно творештво кн. 2, Охрид-Струга, 1987, стр. 64. 37.Suliţeanu, Ghizela: "Le cantique de souhait ("colindatul") des jeunes filles chez le peuple roumain dans le complexe du folklore balkanique", Makedonski folklor, VIII/15-16, Skopje, 1975, str. 291-307. 38.Трајкоски, Науме: Забелешки и материјали кон зимските песни и обичаи кај Македонците и Македонците муслимани во Струшко, Македонски фолклор, VIII/15-16, Скопје. 39.Фирфов, Живко - Методија Симоновски: Македонските мелографи од крајот на ЏИЏ век, Институт за фолклор, Скопје, 1962. 40.Хаџивасиљевис, Јован: Јужна Стара Србија, Историјска, етнографска и политичка истраживања, књига прва: Кумановска област, Београд, 1909. 41.Целакоски, Наум: Дебрца: Обреди, магии и обредни песни, Скопје, 1984. , 1984, стр. 170-171. 42.Цивјан, Т. В.: Лингвистические основì балканско модели мира, Москва, 1990, стр. 87-88. 43.Цирнушанов, Коста: Македонски народни песни, текст и мелодии записал Коста Цирнушанов, Софија БАН, 1956. 44.Чајканови, В.: О врховном Богу у старој српској религији, Српска Краљевска Академија, Посебна издања, 34, Београд, 1941. 45.Чешмеджиев, Јосиф: Блгарски македонски песни, оригинални и в народен тон, Библиотека "Устрем", Но 3, пÍрва сплитка, Софија, 1926. 46.Шапкарев, Кузман: Избрани дела, том трети, Песни, приредил Томе Саздов, Скопје, 1976. 47.Шапкарев, Кузман: Избрани дела, том пети, Скопје, 1976, стр. 43. 48.Астребов, И.С.: Обичаи и песни турецких Сербов, С. Петербург†, 1886. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia