Прва пунска војнаПрвата пунска војна (264.-241.г.п.н.е.) се водела на копно, главно на Сицилија и во Римската провинција Африка, но во голема мера и на море. Војната ги чинела скапо обете страни, но по 20 години Рим излегол победник, конечно освојувајќи ја Сицилија и приморувајќи ја победената Картагина да плаќа огромни отштети. Штетите од војната ја дестабилизирале Картагина до таа мерка, што Рим ги присвоил и Сардинија и Корзика неколку години подоцна. Војната започнала како локален конфликт на Сицилија, во кој се замешале и Картагина и Рим. На море, во почетокот Картагина била супериорна, но Рим набргу изградил моќна флота и почнал да ги добива и битките на море. Целиот период на војувањето, со исклучок на неколку битки бил победнички за Римјаните, и во 241.г.п.н.е. Картагина била принудена да му ја отстапи Сицилија на Рим. Покрај тоа, Картагина била принудена да плаќа и огромни репарации. На крајот на војната, Римската морнарица била доволно моќна за да спречи напад на Италија од вода и ги контролирала важните поморски трговски патишта. Во 238. п.н.е. платеничките трупи на Картагина се побуниле и Рим ја искористил приликата за да ги преземе островите Сардинија и Корзика. Оттогаш Рим практично во целост го контролирал Медитеранот и го нарекувал „Наше море“. Картагина потрошила многу години по Првата пунска војна за да ги подобри финансиите и да ја прошири колонијалната империја во Хиспанија (на Пиринејскиот Полуостров), во време на владеењето на семејството Барцид..[1] Во 219 г. п.н.е. Ханибал Барцид го нападнал Сагунтум во Хиспанија, град сојузник на Рим, што било повод за Втората пунска војна. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia