Првенство во фудбал на Германија![]() Германски првенство во фудбал, е систем на фудбалски лиги хиерархиски распоредени кој се меѓусебно поврзани во асоцијација. Првенството се состои од 2235 поделби и има 31645 екипи, во коe сите поделби се врзани заедно со принципот на промоција и испаѓање. Првите три професионални нивоа содржат по една дивизија (поделба). Подолу, полупрофесионалните и аматерските нивоа имаат прогресивно повеќе паралелни поделби, од кои секоја опфаќа постепено помали географски области. Екипите кои завршуваат на врвот во нивната лига на крајот од секоја сезона можат да се искачуваат во пирамидата, додека оние што завршуваат на дното испаѓаат на долу. Теоретски е можно дури и најнискиот локален аматерски клуб да се искачи на врвот на системот и да стане германски фудбалски шампион еден ден.
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia