Премиер на Јапонија
Премиерот на Јапонија (јап. 内閣総理大臣, трскр. најкаку-сори-дајџин) е шеф на владата на Јапонија. На функцијата го изгласува Собранието на Јапонија, избирајќи од своите пратениците, а на функцијата го назначува царот. За да остане на функцијата треба да ја ужива довербата на Претставничкиот дом. Премиерот е шеф на кабинетот и ги назначува или разрешува министрите. Буквален превод на јапонскиот назив на функцијата е Министер за сеопфатна управа со кабинетот или Министер што претседава со кабинетот. Функцијата е создадена во 1885, четири години пред донесувањето на уставот на Јапонското царство. Денешниот облик на функцијата се должи на уставот од 1947. НазначувањеПремиерот го избираат двата дома на Собранието со гласање од два круга. Доколку домовите изберат различни лица, тогаш се формира заедничка комисија што има за задача да постигне согласност за едно лице. Доколку не се договорат во рок од десет дена, тогаш функцијата му припаѓа на лицето што го предложил Претставничкиот дом. Затоа, во теорија, Претставничкиот дом може да избере кого сака.[1] Потоа кандидатот формално стапува на функција со негово назначување од страна на царот.[2] Лицето мора да ја отстапи функцијата доколку Претставничкиот дом му изгласа недоверба или ја надгласа довербата, под услов домот да не се растури во следните десет дена.[3] ДолжностиУставни улоги
Статутарни улоги
Обележја
Список на премиери од 1982 до 2012
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia