Премиер на Бугарија
Премиерот на Република Бугарија (бугарски: Министър-председател на Република България, неформално: премиер-министер или само премиер) е највисоката функција во извршната власт на Бугарија од 1878 година. Премиер на редовна владаСпоред актуелниот бугарски Устав[2] , премиерот на Бугарија добива мандат за формирање влада од претседателот и е избран на функцијата од Народното собрание. Премиерот:
Редовниот мандат на претседавачот со Советот на министри е до крајот на мандатот на релевантното Народно собрание кое го избрало. Оставката на премиерот значи оставка на целата влада. Не постои ограничување на бројот на мандати што едно лице може да биде премиер. Премиер на техничка владаКога претседателот го распушта парламентот и распишува парламентарни избори, тој назначува техничка влада. Мандатот на техничката влада е до изборот на следната редовна влада од следниот парламент. Наводи
Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia