Премиер на Сингапур
Премиерот на Сингапур e шеф на владата на Република Сингапур. На функцијата доаѓа откако претседателот на државата ќе назначи пратеник кој, по негово наоѓање, ќе има највеќе доверба во парламентот. Функцијата е создадена во 1959 г, и првиот премиер е назначен од страна на тогашниот управник (гувернер) Јанг ди-Пертуан Негара со добивањето на самоуправен статус во рамките на Британската Империја. Звањето „премиер“ останало непроменето по обединувањето на Федерацијата Малезија, Саравак и Британско Северно Борнео, кога сојузна држава на Малезија од 1963 до 1965 г. и по осамостојувањето во 1965 г. Прв носител на функцијата е Ли Куан Ју, од нејзиното основање во 1959, па сè до 1990 г. По него, на функцијата застанал Го Чок Тонг, а Ли Ју ја добил титулата „виш министер“ (Senior Minister) во службата на премиерот. Го се повлекол во 2004 г. и на негово место дошол синот на Ли Куан Ју, Ли Сјен Лунг. Тогаш титулата виш министер му припаднала на Го, а Ли бил прогласен за „министер-ментор“. Список на премиери на Сингапур
ПоврзаноНаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia