Преодност (граматика)Глаголите можеме да ги поделиме на две групи според тоа дали покрај себе бараат или не бараат да се употреби,или да се подразбере,некој збор(во служба на предмет во реченицата )како задолжително дополнување. -Спореди ги,на пример,глаголите носам и стојам. Првиот задолжително бара да се каже или да се подразбира што или кого носам (на пр.:подароци,книги,вода,бебе итн.),а вториот не бара дополнување од таков вид .
Значењето преодност/непреодност не се израува со одделни морфолошки средства(наставки),туку тоа се содржи во значењето на глаголот. Во нашиот јазик границата меѓу преодните и непреодните глаголи некогаш е прилично лабава,па еден типично непреоден глагол може да добие преодно значење.
1)Го седнаа гостинот без да го прашаат дали сака. 2)Малечките ги легнавме пред половина час. Во тенка врска со преодноста на глаголите е категоријата поврзаност,според која глаголите се делат на повратни и неповратни.
Тие искажуваат дејство со ист вршител (подмет) и подносител (предмет) или,пак,станува збор за дејство што е во опфатот на вршителот. |
Portal di Ensiklopedia Dunia