Претседател на Србија
Претседателот на Република Србија е на шеф на државата во Србија. Се избира на непосредни избори и е со петогодишен мандат. Сегашниот претседател е Александар Вучиќ, победник во првиот круг од претседателските избори од 2017. година. Историја![]() Иако Србија станала република уште во 1945 година, функцијата на Претседател на Републиката за првпат била воведена со Уставот од 1990 година. Пред тоа постоела функција на претседател на Претседателството на Социјалистичка Република Србија, која била воведена со Уставот од 1974 година, а до тогаш функцијата на претседателот ја извршувал претседателот на Претседателството на Народното собрание. НадлежностСпоред Уставот од 2006 година, претседателот на Република Србија:
Претседателот на Република Србија е истовремено и врховен командант на Војската на Србија. Во согласност со законот, командува со Војската, поставува, унапредува и разрешува офицери на Војската на Србија. Ако претседателот на Република Србија е спречен да ги извршува своите должности, нив ги извршува претседателот на Народното собрание. МандатМандатот на претседателот на Република Србија трае пет години и почнува да тече од денот на полагање на заклетва пред Народното собрание. Доколку мандатот на претседателот на Републиката истекува за време на воена или вонредна состојба, тој се продолжува и трае до поминување на три месеци од денот на завршувањето на воената или вонредната состојба. Никој не може да биде избран повеќе од двапати за претседател на Републиката. Мандатот на претседателот на Република Србија престанува со поминување на периодот за кој е избран, со оставка или со разрешување. Претседателот на Републиката поднесува оставка на претседателот на Народното собрание.[2] Вршители на должностаПретседателите на Народното собрание на Србија, кои вршеле должност на претседател на Србија:
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia