Приказна за играчките
Приказна за играчките (англиски: Toy Story) — американски компјутерско-анимиран филм од 1995 година. Филмот е првиот долгометражен филм продуциран од страна на продукциската куќа Pixar, како и прв филм целосно направен со компјутерска генерирана слика. Филмот бил дистрибутиран од страна на Walt Disney Pictures. Режисер на филмот бил Џон Ласетер, додека гласовите ги позајмиле Том Хенкс, Тим Ален, Дон Риклс, Џим Ворни и други. Извршен продуцент на филмот бил Стив Џобс заедно со Ендрју Стентон. Приказната се фокусира на една група играчки кои оживуваат кога нивниот сопственик не е присутен, фокусирајќи се на Вуди, каубојска играчка (Том), и на Баз Лајтјиар, играчка астроанаут (Ален). Филмот заработил 361 милион долари ширум светот.[1] Реценциите и критиките биле позитивни, фалејќи ја посебно иновативната анимација и духовитоста на сценариото, и сега филмот се смета од голем број на критичари, за најдобар анимиран филм во светот.[2][3][4][5][6][7][8] Во 2009, филмот бил пуштен во 3Д.[9] Поради успешноста и популарноста, филмот добил две продолженија: Приказна за играчките 2 (1999), Приказна за играчките 3 (2010), и Приказна за играчките 4 (2019). Двете продолженија бил инстант хит и заработиле многу позитивни критики, исто како првиот филм. Приказна за играчките 3, до денес, е највисоко-заработувачки филм на Pixar со вкупна заработка од 1.063.171.911 милијарди долари. Гласови
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia