Примера Дивисион (Аргентина)
Примера Дивисион Аргентина или само Примера Дивисион (шпански: Primera División de Argentina) - е професионална фудбалска лига во Аргентина, и моментално највисокото ниво на таа земја. Првенството од настанувањето во 1891 до 2017 го организирал Фудбалскиот сојуз на Аргентина (АФА).[1] Од 2017 до 2020 година, првенството го организирала организацијата „Суперлига Аргентина” па и самото првенство го носело името Суперлига на Аргентина,[2] а од 2020 година, АФА одново управува со првенството.[3] Првото првенство било одржано во 1891 година,[4] со што Аргентина станала првата земја вон Обединетото Кралство, која воспоставила фудбалска лига.[5] Во раните години, само клубовите од Буенос Аирес и Росарио биле придружени во националниот сојуз.[6] Клубовите од другите градови се придружиле подоцна. Лигата станала професионална во 1931 година, кога 18 клубови се одвоиле од аматерските лиги за да формираат професионална лига. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia