Принцезата Мононоке
Принцезата Мононоке (もののけ姫 , Mononoke-hime) — јапонски анимиран, долгометражен филм, напишан и режиран од Хајао Мијазаки. Филмот бил првпат издаден во Јапонија на 12 јули 1997 година, а премиерата во САД била одржана на 29 октомври 1999 година. Филмот трае 134 минути и е снимен во колор-техника, со 35-милиметарска камера. „Принцезата Мононоке“ („Мононоке (物の怪)“ не е име, туку општ израз во јапонскиот јазик за дух или чудовиште) е драма која се одвива во Јапонија, во доцниот период Муромачи, со голем број на фантастични елементи. Приказната се концентрира на вмешувањето на Ашитака во борбата меѓу натприродните чувари на шумата и луѓето од Татараба кои ги трошат природните богатства на шумата. „Мононоке“ бил филм со најголема заработувачка во Јапонија, сè додека неколку месеци подоцна не бил надминат од филмот „Титаник“. ПриказнаФилмот претставува приказна за Ашитака, принц на древното племе Емиши, кого во борбата со подивен животински бог го снаоѓа проклетство. Тоа му овозможува натприродна моќ, но истовремено му носи сигурна смрт. Во потрага по изворот и лекот за своето проклетство, Ашитака го напушта своето село и тргнува на пат на далечниот Запад, каде се соочува со темната страна на „цивилизацијата“. Во шумата на Шишигами, покрај гигантските шумски ѕверови, Ашитака го открива присуството на човечко девојче, Сан, која е посвоена и одгледана од волците. Селаните од Татараба ја нарекуваат „Принцезата Мононоке“. По нивната кратка средба, Ашитака е заинтригиран да дознае повеќе за Сан. Иако ги мрази луѓето, Сан одлучува да му помогне на Ашитака. Принцот веќе не е затапен, мислејќи дека го чека сигурна смрт, туку по средбата со Сан, тој открива нова причина за борба и живот. Двајцата успеваат да ги повратат шумата, надежда и желбата за живот. Тоа е и главната тема на филмот, волја за живот покрај сите тешкотии, бидејќи без оглед на тоа колку лошо работите изгледаат, сè додека жвиееме, можеме да се обидеме да ги смениме кон подобро.[1] ЛиковиАшитака e 18-годишно момче, последниот принц на Емиши, племе кое било изгонето од западна Јапонија. Тој е храбар, сочувствителен и бестрашен. Има силно чувство за морал. Одличен е со лак и стрела, вештина која ја користи често, но секогаш во самоодобрана. Свршен е со Каја со која би морале да се венчат. Неа ја нарекува „мала сестра“, но тоа е само заради искажување почит.
Џико Боу е човек кој тврди дека е монах. Џико е мал и дебел, поради што не изгледа застрашувачки, но очигледно знае многу за светот. Малку е алчен, хумористичен и мистериозен. Токи е поранешна проститутка која живее во Татараба. Омажена е за Короку. Токи ја презема улогата на водач кога Лејид Ебпши и Гонза се отсутни. Гонза е командант на стражарите во Татараба и личен телохранител на Лејди Ебоши. МузикаМузиката за филмот е компонирана и изведена од страна на Џо Хисаиши - стандардниот композитор на речиси сите филмови режирани од Мијазаки, а текстовите на двете песни („The Tatara Women Work Song“ и насловната песна) се напишани од Мијазаки. Музиката е изведена од „Филхармонискиот оркестар на Токио (Tokyo City Philharmonic Orchestra)“ и диригирана од Хироши Кумагаи. Во Јапонија, албумот со филмската музика бил издаден две недели пред официјалната премиера на филмот. Насловната песна „Принцезата Мононоке“ е испеана од јапонскиот контра-тенор Јошиказу Мера. Во 2008 година, Џо Хисаиши одржал концерт во Будокан, изведувајќи сите свои песни компонирани за филмовите на Мијазаки. Во 2009 година, концертот бил издаден на ДВД, со наслов „久石譲 in 武道館 ~宮崎アニメと共に歩んだ25年間~“ (Џо Хисаиши во Будокан - 25 години со филмовите на Мијазаки). За крај на концертот била изведена песната „Ашитака и Сан“ која за разлика од официјалното ЦД, овојпат имала текст. Настапуваат
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia