Пролетници
Пролетниците (науч. Plecoptera) се ред на инсекти кој брои околу 1700 видови. Тие се сметаат за една од најпримитивните групи во рамките на новокрилците, чии најблиски сродници се најдени од карбонските и долнопермски геолошки периоди, додека вистински пролетници се познати од нешто помлади фосили. Денешниот диверзитет по сè изгледа дека е со мезозојско потекло[1]. Пролетниците можат да се најдат на јужната и северната полутопка, но популациите се доста одделени, иако еволуциските докази укажуваат на тоа дека одредени видови го преминале екваторот во неколку наврати, и тоа пред да станат географски изолирани[2]. Сите видови на пролетници се нетолерантни на загадување на водата и нивното присуство во потоците или неистечните води најчесто се смета како индикатор за добар или одличен квалитет на водата. МорфологијаВозрасните единки се со темна боја на телото и поседуваат нежни мембранести крила кои при мирување се испружени надолжно врз абдоменот. При летањето секој пар крила се движи независно. На главата поседуваат долги антени, мали сложени очи и усни органи за гризење. На крајот од абдоменот имаат два долги членести продолжетоци (церци). Ларвите се мошне слични на возрасните, со таа разлика што тие немаат крила, туку само крилни зачетоци на вториот и третиот граден сегмент. На крајот на абдоменот исто така поседуваат два долги членести продолжетоци. Во основата на екстремитетите имаат грмушести трахеални жабри, кои кај малите видови или кај младите единки отсуствуваат. Ваквите единки дишат преку кожата. Младите единки се без крилни зачетоци, кои се појавуваат во подоцните стадиуми. Последното преслекување се врши надвор од водата, на камењата или растенијата, при што од ларвата се изведува возрасната единка или имаго. Пред да ги спуштат своите јајца во водата, женките одредено време ги носат во купчиња распоредени околу половиот отвор. Ларвите од пролетниците обично живеат под камењата на дното од чистите и брзи протечни води. Иако се мошне слични со еднодневките, сепак во многу одлики се разликуваат од нив. Така, најочигледната разлика се двата задни продолжетоци, потоа двете канџи на екстремитетите (кај еднодневките има само една канџа), и по стапалото составено од три членчиња. Поголемиот дел од ларвите се хранат со ларви од други инсекти, прстенести црви и сл., а поретко со растителна храна и детритус. СистематикаТрадиционално, пролетниците беа поделени на два подреда, имено Antarctoperlaria (или Archiperlaria) и Arctoperlaria. Меѓутоа, првиот подред се состои од двете најосновни натсемејства на пролетници, кои по сè изгледа дека не се блиски сродници. Според ова, Antarctoperlaria не се смета за природна група (и покрај тврдењата за спротивното).[3] Во меѓувреме, подредот Arctoperlaria беше поделен на два инфрареда, имено Euholognatha (или Filipalpia) и Systellognatha (наречен и Setipalpia или Subulipalpia). Ова соодветствува на филогенијата, но со еден исклучок: фамилијата Scopuridae мора да се смета за основна фамилија во Arctoperlaria, бидејќи не може да се смести во било кој од инфраредовите. Scopuridae беше сместена во алтернативен клад "Holognatha", заедно со Euholognatha (што приближно значи "напредни хологнати"). Но, претставниците од Scopuridae не изгледаат блиски со еухологнатите отколку со систелогнатите. ![]() ![]() Основни еволутивни линии ("Antarctoperlaria")
Подред Arctoperlaria
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia